Што е поважно, дипломата или работното искуство? Одговара професорката Дипу во „Дејли Клик“

1 min read

Професорката Луси Дипу од Чешка која е директорка на бордот за акредитации на АЦБСП, беше соговорник во „Дејли Клик“ на ТВ21.

Зборувавме за високото образование, а потоа одговори на нашето прашање дали при барањето работа е поважно да се има факултетска диплома или работно искуство.

„Разликата меѓу оние кои имаат завршено факултет и оние кои немаат е тоа што студентите учат како да дојдат до информациите кои ќе им послужат понатаму. Професорите во високото образование им помагаат во знаењето. Тие ги учат студентите која информација е релевантна, а која не. Денеска со еден клик може да добиете многу информации, но и многу дезинформации. Во врска со прашањето за дипломата или работното исксутво, факултетот ги подготвува студентите на промените, и тие работат на проекти. Многу од студентите на факултетите за првпат се соочуваат со работа во тим“, изјави Дипу.

Повеќе на следниот линк:

ИЗВОР: ТВ 21

Претходно

Горел магацин и продавница, повредени се шест лица во Чаир

Следно

До крајот на неделава ќе врне дожд, во делови од Македонија најавено невреме

Latest from Blog