Што е легионела, бактеријата од која починаа три лица во Загреб?

June 19, 2024
1 min read

Веста дека три лица во Загреб починале од легионела, предизвика големо внимание не само во Хрватска, туку и во овој регион, но и загриженост како можеме да се заразиме со оваа бактерија.

Помошник директорот на Клиничкиот центар во Загреб изјави дека бактеријата била изолирана во водоводот на болницата, и дека е почнато испуштање на топлата вода, која е погодна средина за развој на бактерии.

Легионела е бактерија која природно се наоѓа во водата, а има најмалку 60 видови. Најмалку 28 од нив се поврзани со инфекцијата кај луѓето. може да се добие откако луѓето ќе вдишат честички што потекнуваат од водени извори загадени со бактеријата Легионела пневмофилија (на пример разладни клима уреди, бањи со разбранувана вода, тушеви), или понекогаш, од почвата или земјата за садење растенија што е загадена со бактеријата.

„80-90 проценти од сите инфекции кај луѓето се предизвикани од бактеријата легионела пневмофилија. Има 16 серогрупи, а серогрупата 1 е најчеста причина за болеста. Инфекцијата доведува до болест или тешка пневмонија, но и поблага форма на треска, а симптомите се слични на грип. Во случај на легионела, периодот на инкубација е од два дена до две недели“, рече епидемиологот од Белград Славица Марис.

„Легионелата може да се најде во водниот систем, во бојлерите, особено ако водата се загрева на пониски температури, и као бојлерот не се користи често. Некои системи за отворена вода како што се системи за вода за пирење, базени, созадаваа многу аеросоли и при нормална работа може да бидат извор на легионела.“, рече Марис.

Објаснување какви симптоми има оваа болест:

„Легионелата предизвикува тешка пневмонија, а симптомите се висока температура, болки во мускулите, кашлица (сува), болки во градите, тешкотии при дишење, збунетост, дијареа, губење на апетитит. Се лечи со помош на антибиотик. Пациентите главно се опоравуваат без последици, но некогаш може да бидат присутни и долгорочни последици како рестриктивна болест на белите дробови, слабост, замор, ложа меморија и концентрација, губење на памтењето, проблеми со рамнотежата. Смртноста е само 10%“, изјави Марис.

Легионерската болест најчесто ги напаѓа средовечните и луѓето во години, особено оние кои пушат цигари или кои имаат хронична болест на белите дробови. Исто така, зголемен е ризикот за оние со ослабен имунитет заради примање на лекови или како резултат на болести какви што се ракот, откажување на бубрезите, дијабетес.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Дневен хороскоп за среда, 19-ти јуни 2024-та

Следно

Колумбискиот претседател Густаво Петро го повика израелскиот народ да го крене својот глас против нападите во Газа

Latest from Blog

Барбарез за потценувачките изјави на Тим Хауард: Не знам кој е тој

ФОТО:.nfsbih.ba/ Сергеј Барбарез, селекторот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, на прес-конференција го најави натпреварот од осминафиналето на Светското првенство против САД. Натпреварот против домаќините на турнирот ќе се игра во

ПУТИН ЌЕ НАПАДНЕ ОД БЕЛОРУСИЈА? – планови за итен пад на Киев!

Главниот командант на украинската армија, Олександр Сирски, во интервју за украинската телевизија „ТСН“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин му наложил на рускиот Генералштаб да ги пресмета различните опции за спроведување на

Македонија доби нов Закон за обновливи извори: Повеќе инвестиции, поголема енергетска независност

Собранието го усвои новиот Закон за користење на енергијата од обновливи извори, со што Македонија направи еден од најзначајните реформски чекори во енергетскиот сектор во последните децении. Со ова законско решение, за

Шпанија го заврши вториот најтопол јуни досега со речиси 900 смртни случаи од топлина

Шпанската метеоролошка агенција Aemet вели дека јуни бил „екстремно жежок“, втор најтопол од 1961 година. Се проценува дека топлотниот бран предизвикал речиси 900 смртни случаи, според системот за следење на MoMo. Шпанија
Go toTop