Колумбискиот претседател Густаво Петро го повика израелскиот народ да го крене својот глас против нападите во Газа

June 19, 2024
1 min read

БОГОТА (АА) – Колумбискиот претседател Густаво Петро го повика израелскиот народ да го крене гласот против нападот на израелската Aрмија во Газа, јавува Анадолу.

Со споделување на снимка од израелски напад врз зграда во која се сместени палестински цивили во Газа на социјална мрежа, Петро испрати порака до израелскиот народ.

„Денес, народот на Израел мора да биде на чело во одбраната на светскиот мир и правото на живот. Ве молиме направете сѐ што треба да направите за да го спречите геноцидот врз децата“, рече Петро.

Колумбија на 3 мај објави дека официјално ги прекинала дипломатските односи со Израел, наведувајќи ги како причина нападите врз палестинскиот народ во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Што е легионела, бактеријата од која починаа три лица во Загреб?

Следно

Туркије и Ерменија ја потврдија посветеноста кон нормализација на односите

Latest from Blog

Комуналец Прилеп: Во тек косење на повеќе локации долж Оревоечка река

Од Одделението „Паркови и зеленило“ при ЈКП „Комуналец“ Прилеп две екипи интензивно работат на косење на проблематични делови од Оревоечка река. Активностите се одвиваат на потегот од мостот „Димо Наредникот“ кон мостот

Манасиевски: СДС и Левица здружено со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик

СДС и Левица здружено со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик, кој претходно со месеци го договараа, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Катастрофалниот резултат кој ќе го имаат

Проданоски: Реконструкција на „11-ти Октомври“ – нови тротоари, велосипедски патеки и осветлување во Прилеп

Градоначалникот Дејан Проданоски најави реализација на значаен инфраструктурен проект на улицата „11-ти Октомври“ во Прилеп, со кој ќе се изврши реконструкција на тротоарите, велосипедските патеки и уличното осветлување. Проектот се спроведува во

Барбарез за потценувачките изјави на Тим Хауард: Не знам кој е тој

ФОТО:.nfsbih.ba/ Сергеј Барбарез, селекторот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, на прес-конференција го најави натпреварот од осминафиналето на Светското првенство против САД. Натпреварот против домаќините на турнирот ќе се игра во
Go toTop