Штипската болница повторно заборавена од властите

February 24, 2025
1 min read

Уште колку ќе чека големата капитална инвестиција во македонското здравство на истокот? И по осум месеци од првичното ветување на Владата, која првиот работен ден го почна токму од пред Клиничката болница во Штип, на терен сè уште нема ништо.

Објектот стои празен, нема градежни зафати, а премиерот Мицкоски на својот прв работен ден истакна дека во овој мандат таа ќе биде завршена. 

Но, и после девет години откако беше поставен камен темелникот, жителите од источниот регион сè уште чекаат нова, современа болница по европски стандарди.

Кога би можело да се очекува продолжување на изградбата, дали се вршат преговори и со кои држави се преговара се прашањата на кои не добивме одговори од ресорното министерство, но побаравме и подетални информации и од Владата околу новиот пристап најавен од страна на премиерот по кои што би требало да се градат штипската и кичевската болница. Иако ни беше кажано дека ќе имаме одговори, сепак, до објавување на прилогот истите не ги добивме.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уште една масовна гробница откриена во Дамаск

Следно

Во Германија слават конзервативците

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop