Штип е прогласен за Европски град на спортот за 2024 година во конкуренција на градови од 25.000-500.000 жители.

Градоначалникот Иван Јорданов објави дека на гала-доделувањата на награди во Европскиот парламент во Брисел, ја примиле наградата и признанието кое претставува одлична можност за уште поголем развој на спортот, спортските клубови и спортската инфраструктура во градот.

Ја користам оваа прилика да најавам дека во првата половина од 2024 година ќе почне изградбата на СЦ „Џексон“ со капацитет до 1000 посетители. Доизградба и целосна реконструкција на градскиот стадион со две модерни трибини и атлетска патека. Изградба на сала за училишен спорт во населба Три Чешми и Караорман. Превземање и доизградба на затворениот базен кој подолго време е во застој. Изградба на сала за боречки спортови, објави Јорданов на Фејсбук.

Градоначалникот најави дека во 2024 година секое населено место во Штип ќе добие модерни спортски терени и содржини, а за спортските клубови и спортистите ќе има финансиска поддршка за нивните достигнувања да бидат уште поголеми.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.