Шест мртви по напад со нож во градинка во Кина

July 10, 2023
1 min read

Шест лица се убиени, а едно повредено по напад со нож во градинка во југоисточната кинеска провинција Гуангдонг, јавува Би-би-си.

Полицијата соопштила дека уапсила 25-годишен маж со презиме Ву во Лианџијанг.

Жртвите се три деца, наставник и двајца родители, пренесе АФП.

Нападот се случил во понеделникот во 07:40 часот по локално време.

Сопственик на продавница кој работи во близина на градинката, за Би-би-си изјавил дека околината е запечатена.

Насилниот криминал е релативно редок во Кина, но земјата забележа серија напади со нож во последниве години, вклучително и неколку во училиштата.

Во август минатата година, напаѓач со нож упадна во градинка во југоисточната провинција Џиангкси, убивајќи три лица и рани шест други.

Во април 2021 година, две деца загинаа, додека 16 други беа повредени за време на масовно прободување со нож во градот Беилиу.

Во октомври 2018 година, 14 деца беа повредени во напад со нож во градинка во Чонгкинг, југозападна Кина.

Кинеските власти ја зајакнаа безбедноста околу училиштата од 2010 година.

Таа година, Министерството за јавна безбедност ги повика локалните власти „одлучно да ги спречат“ криминалните активности, за да се осигура безбедноста на наставниците и учениците.

По нападот во април 2021 година, Министерството за образование наложи и вежби за итна евакуација во училиштата.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Славен Билиќ се сели во Саудиска Арабија

Следно

Скопје и утринава „се гуши“ во смет

Latest from Blog

Коњановски за „Алта банка“: Ги следиме насоките на Народната банка и интересите на граѓаните

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги објави состојбите на сметките на јавните претпријатија во „Алта банка“, по барањето на дел од советниците за свикување вонредна седница. Тој порача дека, според досегашните информации,

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за
Go toTop