Скопје и утринава „се гуши“ во смет

July 10, 2023
1 min read

Скопје сè уште е преплавено со наталожен смет, иако од вчеравечер, повеќе скопски градоначалници се самоорганизираат за расчистување на ѓубрето, а и дел камионите на „Комунална хигиена“ синоќа со полициска асистенција излегоа да чистат.

„360 степени“ утринава се обиде да стапи во контакт со директорката на претпријатието, Косана Мазнева Николиќ, но таа не одговори на нашите повици.

За денеска е најавен состанок на градоначалниците од Скопскиот плански регион, кои ќе излезат со свој став за настанатата состојба.  

Доцна синоќа, по седница на Кризниот штаб, градоначалничката Данела Арсовска кажа дека Комунална хигиена е ставена во нормала и оти се надева дека од денеска ќе почне да работи со целосен капацитет.

Таа изјави дека проблемите во претпријатието со политички инструирани од, како што ги нарече, мафијашки и бандитски структури. Зад целата ситуација, според неа, стои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кого го стави во редот „политичари кои се најголемото ѓубре“.

Од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение порачаа дека „треба да се преиспита деловната способност на Арсовска“ и побараа нејзина оставка. Партискиот лидер Христијан Мицкоски вчера излезе на терен со скопските градоначалници од неговата партија и порача надлежните да бидат „над ситуацијата“, а за проблемот со сметот во кој се дави главниот град побара да помогне и Владата.

Дел од градоначалниците кои со своја и позајмена мехнизација синоќа ги чистеа своите општини, се пожалија на опструкции од раководството на депонијата Дрисла.

Во видео обраќање пред капијата на депонијата, градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, се пожалија дека иако собрале смет и го донеле до Дрисла, на екипите им е оневозможено внатре да го депонираат.

Затоа, кажаа градоначалниците во видео обраќање, на нивна лична одговорност, отпадот го истураат пред Дрисла.

Утрово пак, самоиницијативно, чисти и Општина Центар.

Скопје е во комунален колапс од 7 јули поради штрајк на вработени во јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Вработените, како главна причина за штрајкот го наведуваат отпуштањето на дел од работниците во претпријатието.

Другите барања се зголемување на платите, исплата на К-15 и бенефициран работен стаж. Вчера, со полициска асистенција, дел од камионите на претпријатието излегоа да го чистат главниот град.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шест мртви по напад со нож во градинка во Кина

Следно

„Вокинг Бордерс“: Најмалку 300 мигранти од Сенегал исчезнаа во Атлантскиот Океан

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop