Шерон Стоун прозборе за најтешкиот период, па шокираше: „Луѓето ме искористија, мислеа дека ќе умрам!“

July 10, 2024
1 min read

Американската актерка Шерон Стоун во 2001 година доживеа мозочен удар кој доведе до деветдневно мозочно крварење, поради што мораше да се повлече од актерството.

Нејзината пауза во Холивуд траеше цели седум години, а за тоа време актерката се бореше за живот. Во искрена исповед, ѕвездата од „Ниски страсти“ шокираше со тврдења дека во најтешкиот период од животот луѓето ја искористиле финансиски, а останала без милиони долари.

-Луѓето ме искористија во тоа време. Имав 18 милиони долари заштеда од кариерата, а кога се вратив на мојата банкарска сметка сето тоа го немаше. Немав пари, раскажува американската актерка за The Hollywood Reporter.

66-годишната актерка рече дека наместо да се чувствува огорчена за она што го доживеала по мозочниот удар, решила да се фокусира на позитивните работи.

– Ако каснете горчливо семе, тоа никогаш не ве напушта. Но, ако имаш верба, ќе преживееш. Така, сега живеам од радост и живеам со цел, истакна актерката.

Стоун вели дека мозочниот удар целосно го променил начинот на кој функционира нејзиниот мозок.

– Мојот мозок не беше на истото место во мојата глава како порано. Сè се смени. Мојот мирис, вид, сетило за допир. Не знаев да читам неколку години. Многумина мислеа дека ќе умрам, вели актерката.

Шерон изјавила дека на почетокот лекарите мислеле дека таа „глуми“, а подоцна било утврдено дека актерката имала крварење во мозокот поради пукање на вертебралната артерија.

– Мојот најдобар пријател ги убеди да направат уште еден тест, а потоа открија дека имам крварење во мозокот. Да ме пратеа дома ќе умрев, рекла актерката.

Шерон Стоун вели дека сè уште зема лекови секојдневно, а денес е член на одборот на фондацијата Бароу во САД, која се занимава со лекување на „тешка болест на мозокот“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петмина повредени во пресметка меѓу англиски и холандски навивачи

Следно

Цените на кафето ќе продолжат да се зголемуваат

Latest from Blog

Песков: Преговорите за Украина се на пауза, бидејќи САД имаат други приоритети

– Во преговорите навистина има пауза. Американците имаат други приоритети и тоа е разбирливо, посочи Песков. Според него европските држави прават грешка кога инсистираат Киев да продолжи со воените дејствија против Москва.

Почина чичко Драги од Рекорд

Драган Пароски, познат како чичко Драги од Рекорд почина. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Тина, која вели дека со години му помагала, пред да замине во странство. -Секое поминување

Шилегов тврди: Тројца екс градоначалници на Кочани неправедно обвинети во случајот „Пулс“

Адвокатот Петре Шилегов во своето најново интервју жестоко ја критикуваше логиката на Јавното обвинителство во судскиот процес за трагедијата во кочанското кабаре „Пулс“, посочувајќи на сериозен правен парадокс. Според Шилегов, обвинителството неосновано

Шилегов тврди: Тројца поранешни градоначалници на Кочани се влечат по судови без вина

Тројца градоначалници на општина Кочани се обвинети во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“, иако тие се „ни криви ни дужни“ и немаат никаква јурисдикција над издавањето на спорните лиценци, тврди адвокатот
Go toTop