Цените на кафето ќе продолжат да се зголемуваат

July 10, 2024
1 min read

Цените на кафето за крајните потрошувачи ќе продолжат да се зголемуваат бидејќи климатските промени, нарушувањата во снабдувањето и новите регулативи на ЕУ доведуваат до зголемени трошоци за пржилниците, изјави денеска претседателот на одборот на директори на италијанската компанија „Лаваца“, Џузепе Лаваца.

„Цените на кафето нема да паднат, ќе останат многу високи. Синџирот на снабдување со кафе е под сериозен притисок“, изјави тој за Фајненшл Тајмс.

Цената на кафето на полиците на супермаркетите во Велика Британија се зголеми за околу 15 отсто од 2023 година.

„Компаниите за кафе беа принудени да ги зголемат цените и да ги намалат маржите бидејќи се зголемуваат трошоците за суровините“, рече Лавака, припишувајќи го падот на недостигот на снабдување како резултат на климатските промени.

Цената на фјучерсите за сортата „Арабика“ надмина 2,4 долари за фунта (0,45 кг) и се приближи до двегодишниот максимум од 2,5 долари за фунта забележан во април, објави „Трејдинг економикс“.

Тоа, меѓу другото, е последица и на намалувањето на залихите од Виетнам поради неповолните временски услови.

Во првата половина од годината извозот на кафе од Виетнам е намален за 10,6 отсто во однос на истиот период лани – на 902.000 тони, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Глобалните цени на кафето значително пораснаа во вториот квартал поради екстремните жештини во клучните региони во Азија. Фјучерс квотите за сортата „робуста“ во Лондон до крајот на јуни се зголемени за 18,1 отсто во однос на крајот на март, а фјучерсите за „Арабика“ – за 20,6 отсто.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шерон Стоун прозборе за најтешкиот период, па шокираше: „Луѓето ме искористија, мислеа дека ќе умрам!“

Следно

Уапсен маж осомничен за убиство на семејството на коментатор на Би-Би-Си

Latest from Blog

Фановите на Ливерпул запреа автомобил на фудбалер после киксот – настана хаос!

Разочарувањето по уште едно промашување на Ливерпул за малку ќе се претвори во многу непријатна ситуација на улиците по натпреварот против Фулам. Откако натпреварот заврши без голови, група навивачи на Ливерпул го

Димитриеска-Кочоска: Економскиот раст и инвестициите се доказ дека политиките даваат резултати

13 септември 2026, Скопје – Република Македонија го задржа кредитниот рејтинг којшто го оценува Кредитната агенција „Фич“. Ова за мене беше силна потврда за конзистентноста на политиките што ги спроведуваме и силен
Go toTop