Петмина повредени во пресметка меѓу англиски и холандски навивачи

July 10, 2024
1 min read

Пет лица се повредени во тепачка меѓу навивачи на англиската и холандската фудбалска репрезентација во Дортмунд пред вечерашното полуфинале на Европското првенство во Германија.

Повеќе од 100.000 навивачи, претежно Холанѓани, се очекува да пристигнат во Дортмунд без билети во пресрет на натпреварот, кој започнува во 21 часот.

„Свесни сме за некои извештаи и видеа од немирите во Дортмунд. Се чини дека имало неколку случаи на холандски навивачи кои ги напаѓале англиските навивачи во баровите и се обидувале да ги грабнат нивните знамиња. Дознавме дека како резултат на тоа биле полесно повредени пет лица“, се вели во соопштението на британската полициска единица која се занимава со фудбалските навивачи и има свои претставници во Германија.

Во соопштението се додава дека на десетици илјади холандски навивачи им се придружила група „ризични навивачи“ кои од Холандија допатувале во Дортмунд и дека британските полицајци им помагаат на германските колеги.

Германската полиција соопшти дека дошло до конфликт меѓу две групи луѓе во ресторан и дека се повредени одреден број навивачи, пренесува германската агенција ДПА.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

24 анализа – НАТО, ЕУ, билатералните односи со соседите и македонската надворешна политика

Следно

Шерон Стоун прозборе за најтешкиот период, па шокираше: „Луѓето ме искористија, мислеа дека ќе умрам!“

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Економскиот раст и инвестициите се доказ дека политиките даваат резултати

13 септември 2026, Скопје – Република Македонија го задржа кредитниот рејтинг којшто го оценува Кредитната агенција „Фич“. Ова за мене беше силна потврда за конзистентноста на политиките што ги спроведуваме и силен
Go toTop