Шефот на УНРВА, Лазарини: Повеќе од 100.000 луѓе се убиени, ранети или исчезнале во израелските напади врз Појасот Газа

February 6, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Шефот на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА), Филипе Лазарини, вчера изјави дека повеќе од 100.000 Палестинци се убиени, ранети или исчезнале во последните четири месеци во израелските напади врз Појасот Газа, известува Анадолу.

„Таа бројка претставува 5% од вкупното население во регионот. Повеќе од 80% од населението се раселени, поголем дел повеќепати“, објави Лазарини на социјалната мрежа Х.

Тој наведе и дека околу 17.000 деца во Газа останале без придружба или се одвоени од своите родители.

„Прекинот на огнот задоцни. Потребна е поинаква патека за доброто на луѓето во Газа, на друго место во регионот и пошироко“, заклучи Лазарини.

На 26 јануари голем број земји го запреа финансирањето на УНРВА откако Израел излезе со тврдење дека некои вработени во оваа агенција на ОН биле вмешани во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври.

Агенцијата соопшти дека е започната истрага и ги раскинала договорите со неколку вработени по израелските обвинувања.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Назначен нов в.д. директор на скопски Водовод

Следно

(ВИДЕО) Големо невреме направи хаос во Калифорнија, има и жртви

Latest from Blog

ОКУЛТЕН РИТУАЛ ИЛИ НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ? Мистериозната смрт на 35-годишен Британец во Сицилија ги крена сите на нозе

Британски државјанин е пронајден мртов во изолирана заедница на „хипици“ во Сицилија, а се шпекулира дека можеби учествувал во „езотерични ритуали“, пишува британски „Телеграф“. Италијанската полиција ја истражува смртта на Бенџамин Џон

Продадени се 5.000 влезници, селекторот ги повика навивачите да ја поддржат репрезентацијата

Фудбалската репрезентација на Македонија со меч против Швајцарија, идната сабота во Скопје, го започнува настапот во дивизијата „Б“ на Лигата на нации. Билетите веќе се во продажба по цени кои се движат

Мечка се обиде да влезе во просторија во која беа руски биатлонки!(ВИДЕО)

Невообичаена ситуација во Сочи – мечка се обиде да влезе во просторијата каде што се подготвуваат руските биатлонки. Руската шампионка Ина Терешченко објави видео од средбата на социјалните мрежи. На него се

Коњановски: Битола со Европската недела на мобилност чекори кон град пристапен за сите

Во рамките на Европската недела на мобилност, денеска граѓани од различни возрасни групи и лица со попреченост ја истражуваа Битола за да видат колку нашиот град е пристапен, безбеден и прилагоден за
Go toTop