Шефот на турската дипломатија Фидан се сретна со своите колеги од балканските земји во Истанбул

July 26, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, денес се сретна со министрите за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, кои престојуваат во Истанбул во рамките на состанокот на министрите за надворешни работи на Балканската мировна платформа, известува Анадолу.

Во објавата на профилот на Министерството за надворешни работи на Турција на социјалната мрежа X се наведува дека министерот Фидан одржал одделни состаноци со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина Елмедин Конаковиќ, министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ и црногорскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ервин Ибрахимовиќ во Истанбул во рамките на состанокот на министрите за надворешни работи на Балканската мировна платформа.

Во Истанбул се одржува првиот состанок на Балканската мировна платформа, воспоставен под водство на Турција, со учество на неколку балкански земји.

Платформата има за цел да го зголеми дијалогот, меѓусебната доверба и соработката меѓу земјите од регионот и да развие трајни решенија за регионалните прашања.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За пет години Македонци вложиле над 50 милиони евра во станови во Грција

Следно

Во Турција измерени рекордни 50,5 степени – највисока температура во Европа досега

Latest from Blog

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата

Љатифи: Енергетската транзиција не може без силна и модерна мрежа

Енергетската транзиција не е повеќе избор, туку процес што мора да се спроведе без да се загрози стабилноста на електроенергетскиот систем, порача генералниот директор на МЕПСО, доц. д-р Бурим Љатифи, на меѓународната

Тоневски: Спортот ги обедини учениците во Пробиштип

Со спорт, дружење и натпреварувачки дух, во Пробиштип беше одбележана Европската недела на спортот. Општина Пробиштип, во соработка со основните училишта, организираше училишен спортски ден на кој учениците се натпреваруваа во баскет,
Go toTop