За пет години Македонци вложиле над 50 милиони евра во станови во Грција

July 26, 2025
1 min read

Македонските граѓани и компании за пет години инвестирале над 50 милиони евра во станови во Грција, покажува статистиката на Банката на Грција. Најголемиот инвестициски бум се случил лани – македонските граѓани вложиле 19 милиони евра за стан покрај море. Но интересот е голем, а и бројките не се дефинитивни – ако се земе предвид фактот дека голем број македонци имаат ЕУ пасоши.

Најмногу се купувале апартмани до 50 квадрати околу Солун и Халкидики. Податоците покажуваат дека ако во 2019 и 2020 година се вложувале по 2 милиони евра во недвижности во Грција, во 2021-та 7 милиони евра – од наредните години износот станал двоцифрен, се искачил на 10 и 11 милиони евра во 2022 и 2023 година.

Бројките пак се поклопуваат со енормниот раст на цените на становите кај нас. Последниот податок од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности е за третиот квартал од 2020 година. Метар квадратен во Центарот на Скопје тогаш се продавал во просек за околу 950 евра или 58.500 денари.

Податоците пак сега покажуваат дека за стан во центарот на Скопје треба да се издвојат минимум над 2.000 евра. А цените одат и по над 3.500 евра за квадрат. https://www.cenakvadrat.com/
Токму овие цени се поклопуваат со цените во регионот за купување недвижност покрај море.

Па така ако за стан од 60 квадрати во Скопје, во просек по цена од 2.500 евра за квадрат се потребни до 160.000 евра, за исто толку а некаде дури и помалку пари може да се најде недвижност во Грција, Црна Гора, на некои места во Хрватска, Кипар. А најевтино море во ЕУ е тоа во Бугарија со цени од 1.000 до 1.600 евра за квадрат.

Дека домашниот пазар на недвижности го билдаат шпекулации потврди и Гувернерот на Народната банка Славески. Најави и мерки во координација со другите институции. Славески кажа дека е загрижен за растот, но и од податоците дека половина од новопродадените станови се купуваат во кеш.

-По она што го добивам како информација, проценка, околу 50 проценти од новопродадените станови се купуваат на кредит, другите 50 проценти се во готовина. Ние немаме сознанија од каде доаѓа таа готовина, дали е од заштеди, дали е од некои приливи за коишто не сакаме да зборуваме, има други институции коишто треба да го утврдат, секако и Народната банка, изјави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Според податоците на Народната банка во вториот квартал од годинава, цените на становите имаат годишен раст од над 22 проценти.За четири години, од 2021 до сега пак станбениот квадрат поскапел за околу 80 проценти. Додека пак пописот од 2021 година покажа дека илјадници станови зјаат празни. Само во Скопје има речиси 60 илјади празни станови. А од тогаш до сега се изградени илјадници нови.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зголемена фреквенцијата на возила на граничните премини Табановце и Пелинце

Следно

Шефот на турската дипломатија Фидан се сретна со своите колеги од балканските земји во Истанбул

Latest from Blog

Јамалов: Владата ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките

Коњановски: Инвестираме во улици, паркинзи и подобра инфраструктура за битолчани

Неколку инфраструктурни зафати беа реализирани изминатите денови во Битола, со кои градот доби три реконструирани улици и вкупно 98 нови паркинг места. Работите се изведуваа на повеќе локации, меѓу кои поранешната касарна,
Go toTop