Шефот на турската дипломатија Фидан се состана со високи претставници на Црна Гора и Косово

February 17, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Mинистерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, одржа одвоени состаноци со највисоките претставници на Црна Гора и Косово во рамки на Минхенската безбедносна конференција, пренесува Анадолу.

Според дипломатски извори, Хакан Фидан разговарал за билатералните политички и економски односи со претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ.

Двајцата соговорници го оцениле распоредот на претстојната посета на Милатовиќ на Туркије и ефектите од ситуацијата во Украина на Балканот.

На одделен состанок со косовската министерка за надворешни работи Доника Гервала-Шварц, Фидан разговараше за билатералните економски односи и за претстојните државни посети на високо ниво.

Фидан, исто така, упати честитки по повод Денот на независноста на Косово.

На средбата беше истакната соработката во борбата против структурата на терористичката организација ФЕТО во Косово.

На дневен ред беа и воени прашања, при што косовската страна изрази задоволство од активностите на Туркије во КФОР.

Годишната Минхенска безбедносна конференција одржува дебати на високо ниво за најитните безбедносни предизвици во светот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Смртта на Навални и конфликтите во Украина и Газа во фокус на Минхенската конференција

Следно

Најновото издание на „Пресек“

Latest from Blog

Пресврт: Сепак ништо од предавањето на оружјето?

Палестинското милитантно движење Хамас успеа да отстрани од својот предложен план за преминување во втората фаза од планот за Газа формулирања што би можеле да се протолкуваат како барање за предавање на

Попладнево итно опериран Стевчо Јакимовски

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, попладнево итно е опериран во Клиничката болница „Систина“ дознава 24инфо. Според првичните информации, станува збор за оперативен зафат поврзан со карцином. Повеќе детали за неговата

Барана стока за време на Мундијалот…. Мексико заплени три тони кокаин

Очигледно дека огромниот број на туристи односно навивачи кои што пристигнаа во Мексико, САД и Канада по повод Мундијалот, потикнаа многу бизниси, легални но очигледно и нелегални. Мексиканската полиција соопшти дека за

Мицкоски: Ќе предводам уште една голема победа над СДСM на наредните избори

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема амбиција да биде кандидат за претседател на државата, нагласувајќи дека неговата цел е како лидер на ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи партијата кон нова убедлива победа на
Go toTop