Шефот на ЦИА бил во Киев пред бунтот на Пригожин

July 1, 2023
1 min read

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс неодамна бил во тајна посета на Украина каде што се сретнал со претставници на украинските служби и со претседателот Володимир Зеленски, објави „Вашингтон пост“.

За време на посетата, Барнс го потврдил американското ветување дека ќе споделуваат разузнавачки информации за да и помогне на Украина да се одбрани од руската агресија, изјавил неименуван американски функционер, пренесува Бета.

Според „Вашингтон пост“, украинските власти ги претставиле плановите за враќање на териториите окупирани од руските сили и очекувањата да започнат преговори за прекин на огнот до крајот на годината.

Патувањето на Барнс во Киев било пред бунтот на руската паравоена група Вагнер на 24 јуни. 

„Вашингтон пост“ ги пренесува и тврдењата на американските официјални претставници дека САД немале никаква улога во  бунтот на Вагнер. Главните американски медиуми во петокот објавија дека Барнс по побуната на Евгениј Пригожин му телефонирал на шефот на руската разузнавачка служба Сергеј Наришкин за да го увери дека САД не се вмешани во тој настан.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Најмалку 45 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кенија

Следно

Ливерпул за 70 милиони евра го купи најдобриот унгарски фудбалер

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop