Шефот на СЗО го осуди израелскиот напад врз болницата Камал Адван во Газа

December 18, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, изрази шокираност од неодамнешните случувања во болницата Камал Адван во северниот дел на Газа, која беше оштетена во големи размери од страна на израелската армија за време на нападот на 12 декември, јавува Анадолу.

Болницата е нефункционална и пријавени се најмалку осум смртни случаи.

Гебрејесус ги сподели своите размислувања за случувањата во болницата преку платформата X.

„СЗО е згрозена од огромното уништување на болницата Камал Адван во Северна Газа во последните неколку дена, со што е доведена до степен на нефункционалност, што резултираше со смрт на најмалку осум пациенти“, рече тој.

„Многу здравствени работници се приведени, а СЗО и нејзините партнери итно бараат информации за нивниот статус.“

Челникот на СЗО изрази загриженост дека поради тоа што амбулантните возила не можат да стигнат до установата, многу пациенти биле принудени сами да се евакуираат, со што се ставени во ризик нивното здравје и безбедност.

„Од починатите пациенти, неколкумина се починати поради недостиг на соодветна здравствена нега, меѓу кои и едно 9-годишно дете“, истакна Гебрејесус.

Изразувајќи длабока загриженост и за благосостојбата на раселените лица, кои претходно побарале засолниште во зградата на болницата, Гебрејесус рече: „Здравствениот систем на Газа веќе беше на колена, а загубата на уште една болница, дури и минимално функционална, претставува тежок удар. Напади врз болниците, здравствениот персонал и пациентите мора да прекинат. Прекин на огнот СЕГА“, порача тој.

На 12 декември израелската војска изврши упад во болницата Камал Адван во Беит Лахиа и објави дека притворила 90 лица пред нејзиното повлекување од установата.

По израелското повлекување, палестинскиот новинар Анас ал Шариф, кој влезе во болницата, на платформата Х јави дека десетици раселени, болни и ранети лица живи се закопани.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фидан разговараше со Вархеји: ЕУ треба да ги подобри односите со Туркије

Следно

Ако толку ти недостига духот на Скопје, тогаш…

Latest from Blog

Локалитетот Куклица се уште е под узурпација: Една жена не ги пушта туристите, се вративме сите и странци и наши

Иако помина еден месец откако јавноста беше информирана дека татко и ќерка од Кратово го узурпирале заштитеното подрачје Куклица, и незаконски наплаќале влез на посетители, проблемот се уште не е надминат, бидејќи

Хит видео од фронтот: Митралез го врти и отфрла рускиот војник (ВИДЕО)

Видеото, за кое се верува дека е автентично според достапните информации, прикажува руски војник како отвора оган од митралез поставен на импровизирана ротирачка поставка. Сепак, поради силен отскок, оружјето одеднаш се свртува

Поради сериозен дефект неколку скопски населби се без вода

Жителите на неколку скопски населби и приградски општини вечерва се соочуваат со сериозен прекин во водоснабдувањето. Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, дефектот се случил на главната водоводна

Уште една селекторска смена, Сенегал ќе има нов кормилар

Откако не ги исполни резултатските очекувања на овој Мундијал, репрезентацијата на Сенегал природно преживува промени. Раководните структури на Федерацијата одлучија да го сменат досегашниот селектор, Папе Тиао. Сенегал шокирачки во 1/16 финалето
Go toTop