Шефот на ОН за човекови права ги осуди акциите на Израел како непропорционални

February 12, 2024
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Комесарот за човекови права на Обединетите нации (ОН), Волкер Турк, ги критикуваше акциите за геноцид на Израел во Појасот Газа, нарекувајќи ги непропорционални, јавува Анадолу.

Турк, во краткото интервју за австрискиот јавен сервис ОРФ, ја опиша ситуацијата во Газа како страшна.

„ОН станаа пион во конфликтот“, рече тој.

Критикувајќи ги западните земји за прекин на финансирањето на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА), Турк рече дека УНРВА е неопходна за луѓето во Газа.

Денес Турк ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за развој на Европската Унија во Брисел. На средбата ќе присуствува и шефот на УНРВА, Филип Лазарини.

„Во врска со ситуацијата на палестинските цивили во Газа, не знам што друго да кажам“, рече Турк за ОРФ.

Тој додаде дека се ужасува од најавата на Израел за проширување на војната против Хамас до Рафах во јужниот дел на Газа.

Според неговите зборови, 1,4 милиони Палестинци побарале засолниште од израелските напади во градот на границата со Египет – но без доволно храна и хуманитарна поддршка.

Тој зборуваше за загинатите и ранетите во Појасот Газа, наведувајќи дека масовното уништување, во кое се уништени половина од куќите, големи површини земјоделско земјиште, како и континуираниот прекин на хуманитарната помош, зборуваат за колективна казна.

„Тоа е кршење на меѓународното хуманитарно право“, рече тој.

По барањето за геноцид поднесено од Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата на 26 јануари донесе одлука дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убиства, напади и уништување на Газаните и да ги преземе сите мерки за да го спречи геноцидот.

Сепак, израелските сили продолжуваат да извршуваат напади во кои од 7 октомври досега загинаа најмалку 28.176 Палестинци, главно жени и деца, а беа ранети 67.784.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

СДСМ поднесува законски измени за продолжување на важноста на возачките, сообраќајните и осигурителните полиси

Следно

„Наближуваме до пресвртната точка“: Аларм за колапс на клучната атлантска струја

Latest from Blog

“Никогаш повеќе нема да го посетам ова место во Грција” – туристка шокирана од цените на лежалките во овој дел на Грција

Во Грција во летниот период е активно здружението на граѓани MyCoast , кои се залагаат и се борат за остварување на правото на слободен пристап до морскиот брег. Здружението е посветено на

Како се одвива рехабилитацијата на повредените од Кочани на Пониква

Пониква за десетина степени пониска температура од урбаните средини, длабоки сенки, свеж воздух – идеални услови за рехабилитација на пациенти со изгореници и белодробни нарушувања. Повредените се сместени во одморалиштето на МВР.

Турскиот авиопревозник „АЏет“ го реализираше првиот лет од Истанбул до Дамаск

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот авиопревозник „АЏет“ денес успешно го реализираше првиот лет од Меѓународниот аеродром „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул до сирискиот главен град Дамаск, што претставува прв ваков лет по повеќе од

Иранскиот претседател објави прекин на соработката со МААЕ

ИСТАНБУЛ (АА) – Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес објави дека неговата земја ја прекинува соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), објавија официјалната „Прес ТВ“ и новинската агенција „Мехр“, пренесува Анадолу.

Битолчанка измамила 64-годишник за 22 500 евра – се преставувала како вработена во МВР и ветувала вработување на неговиот син

СВР Битола до Основното јавно oбвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Л.(43) од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „измама” по чл.247 од КЗ. Имено, пријавената во временскиот
Go toTop