Шефот на НАТО предупреди дека во наредните денови Бахмут може целосно да падне во рацете на Русија

March 8, 2023
1 min read

Kоментарите на Јенс Столтенберг уследија откако руската паравоената група „Вагнер“ која го предводи нападот на Бахмут, објави дека го освоила источниот брег на градот уништен во најдолгата битка од руската инвазија на Украина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, предупреди дека по неколкумесечните интензивни борби, градот Бахмут во источна Украина би можел да падне во рацете на Русија во наредните денови.

Неговите коментари уследија откако руската паравоената група „Вагнер“ која го предводи нападот на Бахмут, објави дека го освоила источниот брег на градот уништен во најдолгата битка од руската инвазија на Украина.

Шефот на „Вагнер“ и сојузник на Кремљ, Евгениј Пригожин, денеска објави дека неговите сили го зазеле целиот источен дел на Бахмут.

Интензивните борби околу Бахмут се најдолгите и најкрвавите во руската инвазија која трае повеќе од една година

„Она што го гледаме е дека Русија користи повеќе војници, повеќе сили, а она што ѝ недостасува во квалитет се обидува да го надополни во квантитет, но не можеме да исклучиме дека Бахмут би можел да падне во наредните денови“,

изјави Столтенберг додавајќи дека тоа не мора да одразува каква било пресвртница во војната.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Си-ен-ен кажа дека неговите вооружени сили се решени да останат во Бахмут, но предупреди што може да се случи доколку градот падне во рацете на Русија.

„Јасно ни е дека по Бахмут, руските сили би можеле да одат понатаму и да ги нападнат околните градови во регионот на Донецк. Би можеле да одат во Краматорск, би можеле да одат во Славјанск. По Бахмут, тоа ќе им го отвори патот на Русите кон другите градови во Украина, во правец на Донецк“,

рече Зеленски.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Светска премиера на „Бизнисот на задоволството“ на „Палм Бич“ во Флорида

Следно

Билетите за „Ел Класико“ се продадени за десет минути!

Latest from Blog

Атанасовска во Аргумент плус: Проблемот со платите во култура е ист секоја година

Претседателката на Синдикатот на културни работници, Вера Атанасовска во Аргумент плус рече дека, проблемот со платите во културата е ист секоја година поради усогласувањето со зголемената минималната плата. Според неа, сега платите

Кривичен суд Скопје: Неосновано барањето за замена на мерката притвор со гаранција за Асмир Јахоски, осомничен за перење пари

Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на А.Ј., осомничен за перење пари и други приноси од казниво дело, поднесен преку

Погребот на папата Франциск во сабота

Во сабота во 10 часот ќе почне погребот на папата Франциск. Десетици кардинали од целиот свет итно се сретна во Рим каде беа договорени деталите за последното испраќање на поглаварот на римокатоличката

Асмир Јахоски останува во притвор, Кривичниот совет го одби неговото барање да биде пуштен

Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Асмир Јахоски, осомничен за перење пари и други приноси од казниво дело, поднесен

Судот го одби барањето на Јахоски за замена на притворот со гаранција

Кривичниот совет при Одделението за гонење организиран криминал и корупција на Основниот кривичен суд Скопје, по разгледување на предлогот поднесен од осомничениот А.Ј. преку неговиот бранител – за замена на мерката притвор
Go toTop