Шефицата на германската дипломатија во ненадејна посета на Харков

January 10, 2023
1 min read

Освен испорака на оружје за Украина, германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок понудила и конкретни понуди за помош на земајта во контекст на нејзиното приклучување кон Европската Унија

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок денеска ненадејно го посети источниот украински град Харков, во близина на руската граница, што е нејзина трета посета на Украина откако Русија ја започна воената инвазија на 24 февруари минатата година.

За време на нејзината посета, таа ги осудила нападите на Русија врз Харков, но истовремено ветила солидарност и поддршка за Украинците. Таа рекла оти сака цела Украина, „од Харков до Херсон до Киев“ да знае дека може да се потпре на солидарноста и поддршката од Германија.

Аналена Бербок, министерка за надворешни работи на Германија

Шефицата на германската дипломатија ветила нова помош за Украина, како што се генератори на струја и ќебиња, заедно со понатамошна испорака на оружје за земјата, а дополнително, рекла дека на Украинците им е потребно тоа оружје „за да ги ослободат своите граѓани кои сè уште страдаат од теророт на руската окупација“.  

Освен испорака на оружје, Бербок понудила и конкретни понуди за помош на Украина во контекст на нејзиното приклучување кон Европската Унија.

„Како влада сакаме да и дадеме многу конкретни понуди на Украина со цел да се зајакне владеењето на правото, независните институции и борбата против корупцијата, како и усогласувањето со стандардите на ЕУ“,

рекла Бербок.  

На патувањето, меѓу другите официјални претставници, ја придружуваа украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и украинскиот амбасадор во Германија Олексиј Макеив.

Аналена Бербок и Дмитро Кулеба

Кулеба го повторил долгогодишниот повик на Украина за испорака на тенкови и рекол дека не се сомнева оти Берлин на крајот ќе му ги даде на Киев посакуваните тенкови Леопард 2. Сепак, ѝ се заблагодарил на својата германска колешка за досегашната помош.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

За Даравелски, сепак, не настапила застареност на извршување на казната?

Следно

Бербок во ненадејна посета на Харков

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop