Шалтерите за наплата на вода ќе работат само в петок

April 12, 2023
1 min read

Шалтерите за наплата во Дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, во пресрет на велигденските празници, ќе работат само в петок од 7:30 до 15:30 часот, додека пак в сабота и понеделник, нема да работат. Со редовни работни активности ќе се продолжи во вторник, известуваат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

– Ве повикуваме да ја искористите можноста дадена преку електронските сервиси на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, со која нашите услуги се поблиску до вас. Посетете ја нашата веб страна www.vodovod-skopje.com.mk и информирајте се за сите настани поврзани со работата на претпријатието. Електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје се достапни на e.vodovod-skopje.com.mk, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Полесен и побрз пристап до услугите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје е овозможен со мобилната апликација на претпријатието.

– Информациите поврзани со фактурите и нивната наплата се достапни и преку апаратите за наплата распоредени на неколку локации во градот: Дирекција на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Одделение за грижа на корисниците во ЈП Комунална Хигиена – Скопје, ГТЦ на приземје, Капитол Мол во Аеродром и Сити Мол во Карпош, соопштуваат од ова јавно претпријатие.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Четири цивили загинаа во напад на сепаратистите во Камерун

Следно

САД се песимисти дека Украина бргу ќе ја заврши војната со Русија – се очекува застој, откриваат протечените документи од Пентагон

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop