САД се песимисти дека Украина бргу ќе ја заврши војната со Русија – се очекува застој, откриваат протечените документи од Пентагон

1 min read

Документите што протекоа во поголем дел се означени како „строго доверливи“ и нивното објавување се смета за големо нарушување на националната безбедност

Доверливите документи од Пентагон, кои протекоа во јавноста и беа објавени на социјалните мрежи, покажуваат песимистичко гледиште на САД за состојбата на војната во Украина, односно сугерираат дека американските власти се песимисти дека војната ќе заврши бргу, а ги истакнуваат и слабостите со вооружувањето и воздушната одбрана на Украина, објави Си-ен-ен.

Во документите се предвидува и застој во војната во наредните месеци.

Неколку доверливи документи предупредуваат дека украинската противвоздушна одбрана со среден дострел за заштита на војниците од фронтот ќе биде „целосно исцрпена до 23 мај“, што сугерира дека Русија наскоро би можела да има воздушна супериорност и дека Украина може да ја изгуби способноста да собере копнени сили за контранапад.

„Руската жестока кампања на исцрпување на регионот Донбас најверојатно ќе влезе во ќор-сокак попречувајќи ја целта на Москва годинава да го заземе целиот регион“,

се наведува во еден од доверливите документи.

Официјални лица запознаени со ситуацијата за Си-ен-ен изјавиле дека се чини дека документите се дел од дневниот разузнавачки брифинг подготвен за високи лидери на Пентагон, вклучително и началникот на здружениот генералштаб, генерал Марк Мили.

Документите што протекоа во поголем дел се означени како „строго доверливи“ и нивното објавување се смета за големо нарушување на националната безбедност. Министерството за правда на САД покрена и кривична истрага за тоа кој можеби е објавил документите, а Пентагон, пак, испитува како тоа ќе влијае на националната безбедност на САД.

Покрај оценката за војната во Украина, тие содржат и разузнавачки информации собрани од сојузните и противниците.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Шалтерите за наплата на вода ќе работат само в петок

Следно

Египетскиот министер за надворешни работи, Шукри, утре во официјална посета на Туркије

Latest from Blog