Сенегал: Децата во Дакар со традиционални костими ја одбележаа традицијата „Симб“

April 22, 2025
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Децата во населбата Јоф во Дакар, главниот град на Сенегал, ги обоија своите лица и ги облекоа традиционалните костими со пердуви за да ја одбележат велигденската традиција позната како „Симб“, древен обичај што низ годините се претвори во симбол на храброст, сила и достоинство, јавува Анадолу.

„Симб“, што во превод од локалниот јазик волоф значи „лав“, претставува уникатна културна изведба, при што децата преку специфична игра и движења настојуваат да ги одржат живи традиционалните симболи и вредности, праќајќи порака за заедништво и културен идентитет.

Во текот на велигденските празници улиците на Јоф се претвораат во сцена на бои и емоции, каде што младите учесници, нашминкани и облечени како лавови, парадираат и ја демонстрираат својата храброст пред жителите и посетителите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска Давкова за Папата: Ќе го паметам по исклучителниот ум, мудрост, топлина и едноставност

Следно

Арман Дуплантис ја освои наградата „Лауреус“ за 2024 година

Latest from Blog

Go toTop