Во Хотелот “Хилтон“ во Скопје започна Редовното годишно Собрание на Фудбалската федерација. Како што се утврди, присутни се 60 од 62 делегати. Што значи дека сите одлуки ќе бидат важечки.
Инаку тука се и новите делегати од ОФС Тетово, и тоа Јовица Илиевски, Мухадин Исмаили, Дритон Муслиу кои имаат мандат до 2025 година.
Претставниците на ФИФА и УЕФА ги пренесоа поздравите од Џани Инфантино и Алексансер Чеферин и посакаа успех во работата за сите проекти на ФФМ.
Свое овбраќање имаше и претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини кој рече дека ФФМ ќе биде сервис на фудбалот во Македонија.
-Ќе продолжиме да стоиме цврсто на земја и да бидеме сервис на фудбалот во Македонија. Само со силна желба и истрајност во работата можеме да стигнеме до посакуваните резултати, посочи Сејдини.
ИЗВОР: kurir.mk