Ердоган: Заедно сме Туркије до последниот здив

1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Туркије и претседател на владејачката АК Партија, Реџеп Таип Ердоган, на социјалните мрежи ја сподели снимката „Заедно сме Туркије“, која ја подготви Канцеларијата за комуникации, а ја изведе турската уметница Шукрије Туткун, јавува Анадолу.

Ердоган заедно со објавената снимка ја напиша пораката: „Ние сме едно срце. Заедно сме Туркије до последниот здив.“

На снимката особено се истакнуваат националните вредности на Туркије, единството и солидарноста, како и остварените чекори и прогресот во различни области, од транспортот, одбраната, образованието, енергетиката, здравството до давањето хуманитарна помош.

На снимката се прикажани и голем број мегапроекти реализирани во Туркије во текот на последните две децении.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Сејдини: Ќе продолжиме да бидеме сервис на фудбалот во Македонија!

Следно

Српскиот министер за обрана Милош Вучевиќ е нов претседател на владејачката СНС

Latest from Blog