Седници на шест комисии во законодавниот дом

August 27, 2025
2 mins read

Во Собранието денеска ќе заседаваат шест комисии – Комисијата за европски прашања, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно правната комисија.

Пред членовите на Комисијата за европски прашања се Предлог на законот за пристапност на веб-страниците и мобилните апликации на институциите од јавниот сектор, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност и Предлог на закоотн за контрола на индустриски емисии, сите во прво читање.

На Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност, Предлог на законот за изменување на Законот за исплата на платите во Република Северна Македонија, Предлог на законот за дополнување на Законот за задругите, Предлог на законот за изменување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица, Предлог на законот за изменување на Законот за јавните претпријатија и Предлог на законот за дополнување на Законот за стопанските комори, сите во прво читање.

На Комисијата за одбрана и безбедност се Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, во второ читање, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за странци и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, двата во прво читање.

На Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците има само една точка на дневен ред – Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, во прво читање.

Пред членовите на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање се Предлог на законот за пристапност на веб-страниците и мобилните апликации на институциите од јавниот сектор и Предлог на законот за контрола на индустриски емисии, двата во прво читање.

На дневен ред на Законодавно правната комисија се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност, Предлог на законот за изменување на Законот за исплата на платите во Република Северна Македонија, Предлог на законот за дополнување на Законот за задругите, Предлог на законот за изменување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица, Предлог на законот за изменување на Законот за јавните претпријатија, Предлог на законот за дополнување на Законот за стопанските комори, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, Предлог на законот за пристапност на веб-страниците и мобилните апликации на институциите од јавниот сектор, Предлог на законот за контрола на индустриски емисии, сите во прво читање, Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина во второ читање, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за странци во прво читање и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во прво читање.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Шпигел“: Урсула фон дер Лајен ја мерка функцијата претседател на Германија

Следно

Исак непоколеблив: Не се враќа на тренинг, чека трансфер

Latest from Blog

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу
Go toTop