„Шпигел“: Урсула фон дер Лајен ја мерка функцијата претседател на Германија

August 27, 2025
1 min read

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја разгледува можноста за номинирање на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за претседател на Германија на изборите во 2027 година , открива„Шпигел“,повикувајќи се  на владини извори.

Меѓу можните кандидати се уште три жени: претседателката на Бундестагот, Јулија Клокнер, министерката за семејни прашања, Карин Приен и претседателката на баварскиот покраински парламент, Илзе Ајгнер.

„Шпигел“ потсетува дека Мерц не ја исклучува можноста за избор на жена за претседател на Сојузна Република Германија . Како одговор на такво прашање на 24 август, за време на денот на отворени врати на германската влада, тој рече: „Би било добро“.

Урсула фон дер Лајен е на чело на Европската комисија од 2019 година, а во јули минатата година беше реизбрана за втор петгодишен мандат, односно до 2029 година. „Шпигел“ забележува дека во случај на учество на претседателските избори во 2027 година, таа би изгубила повеќе од половина од својот мандат на чело на ЕК, а Германија – „најважната позиција на власт во Брисел“.  Од друга страна, доколку биде избрана за претседател на Германија , оваа позиција за тогаш 79-годишната фон дер Лајен ќе биде врвот на нејзината кариера, а таа ќе стане и првата жена што ја извршува оваа функција, пишува весникот.

Во минатото, фон дер Лајен стана првата жена министер за одбрана во Германија, а потоа и првата жена на чело на Европската комисија. Во ЕК, информациите за нејзиното можно назначување за претседател на Германија беа коментирани од „Билд“ на следниов начин: „ Урсула фон дер Лајен е целосно фокусирана на своите задачи како претседател на Комисијата и не може да извршува други функции “.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Соработничката на Додик која е под санкции на САД бара Трамп да биде номиниран за Нобелова награда

Следно

Седници на шест комисии во законодавниот дом

Latest from Blog

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу
Go toTop