Седници на четири собраниски комисии

January 22, 2025
1 min read

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, за прашања на изборите и именувањата и Законодавно – правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се Предлог – одлука за определување на коефициентите за утврдување на плата на Претседателот на Република Северна Македонија, на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и на функционерите кои ги избира и именува Собранието на Република Северна Македонија и Утврдување Предлог – одлука за разрешување на директорот на Агенцијата за квалитет во високото образование.

Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање треба да ги разгледа измените на Законот за комуналните дејности, на Законот за превоз во патниот сообраќај и измените на Законот за градење, сите по скратена постапка.

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиската полиција, по скратена постапка е на дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кадилак ќе плати 450 милиони долари за учество во Формула 1

Следно

Колку е штетен пестицидот најден во македонската зелка

Latest from Blog

Евроинтеграциите и реформите во фокусот на средбата на Муцунски со амбасадорите на ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одржа работна средба со амбасадорот на Европската Унија и амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на која биле разгледани актуелните политички и реформски

Муцунски: Македонија останува посветена на европскиот интегративен пат

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одржа работна средба со амбасадорот на Европската Унија и амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на која биле разгледани актуелните политички и реформски

Проданоски: Создаваме услови младите да останат и да се развиваат во Прилеп

Меѓународниот средношколски форум на економски училишта, организиран од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Прилеп, претставува значајна платформа за отворање дискусија за улогата на младите во современото општество и важноста од нивно соодветно образование

Дали “новиот“ Ансу Фати е опција за Барселона?!

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Ансу Фати сè уште не го кажал конечното „да“ на Монако, бидејќи се надева дека би можел да ја добие својата последна шанса во Барселона. Каталонски извори објавија дека Фати чека
Go toTop