Седница на Советот за безбедност на ОН за Косово

April 22, 2024
1 min read

Во Њујорк денеска ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, а Србија и Косово ќе ги претставуваат претседателите Александар Вучиќ и Вјоса Османи.

Редовниот шестмесечен извештај за работата на Мисијата на ОН на Косово ќе го презентира специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и шефица на УНМИК, Каролина Зијаде.

Седницата ќе почне во 10 часот по источно време, односно во 16 часот по средноевропско време, а ќе ја отвори претседателката на Советот за безбедност за април, Ванеса Фрејзиер.

Во редовниот извештај, што се однесува на периодот од 19 септември 2023 година до 15 март 2024 година, Гутереш наведува дека и покрај одреден напредок во спроведувањето на договорите постигнати со посредство на ЕУ, тензиите меѓу Белград и Приштина се зголемени, а дека безбедносната ситуација на северот на Косово останала кревка.

Истовремено, тој посочи дека нема напредок кон формирањето на Заедницата на српските општини и покрај дипломатскиот притисок и изрази загриженост за спроведувањето на новите прописи за платните трансакции кои, како што рече, се одразуваат на економските и социјалните права на Србите и другите немнозински заедници.

Тој повика на итна расправа за отворените прашања во рамките на дијалогот со посредство на ЕУ, за да се обезбеди заштита на правата на сите засегнати заедници и најранливите групи.

Гутереш најостро го осуди, како што наведе, сериозниот безбедносен инцидент на 24 септември во Бањска, што доведе до трагична загуба на животи и повика на завршување на истрагата и „приведување на извршителите пред лицето на правдата без одлагање“.

Во октомври минатата година се одржа последната редовна седница на Советот за безбедност на ОН за работата на УНМИК, додека во февруари годинава на барање на Србија, а по одлуката на властите во Приштина да забранат употреба на динари , се одржа вонредна седница на Советот за безбедност на ОН.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи

Следно

Американската база во Сирија нападната со беспилотни летала и ракети

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop