СЕДМО МЕСТО ЗА МАКЕДОНИЈА НА ДЕТСКАТА ЕВРОВИЗИЈА Нела Манческа остави силен впечаток

December 14, 2025
1 min read

Нашата
претставничка Нела Манческа со песната „Miracle“ го донесе седмото место на 23.
издание на детската Евровизија, кое вечерва се одржа во Тбилиси, Грузија.
Победата ја однесе Франција со песната „Ce Monde“, пред второпласираната
Грузија и третопласираната Украина.

Според
оценките на стручните жирија, Манческа освои 92 поени, што ѝ донесе пет
то место во делот на жирито. Со
гласовите од публиката, нашата земја собра дополнителни 49 поени, што ја
постави на конечната седма позиција.

Настапот на
Нела Манческа беше награден со силен аплауз од присутните во салата, а
нејзината енергична и моќна интерпретација на песната остави силен впечаток.
„Miracle“ е авторско дело на Лазар и Магдалена Цветкоски, кои го потврдија
својот талент на европската сцена.

Победата на
детската Евровизија 2025 ја однесе Франција со песната „Ce Monde“. Француската
претставничка Лу Делез освои 152 поени од жирито и дополнителни 96 поени од
публиката, обезбедувајќи убедлива предност. Второто место го освои домаќинот
Грузија, додека Украина се пласираше на третата позиција.

Македонија
со својата позиција во топ 10 повторно покажа дека има потенцијал и талент за
меѓународни музички настапи, а настапот на Нела Манческа ќе остане запаметен
како еден од најуспешните досега на детската Евровизија.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МВР го потврди апсењето на Стафа

Следно

Гаши го проследил барањето за одземање на пратеничкиот имунитет на Јанчев до надлежната Комисија

Latest from Blog

Божиновска: Со понискиот ДДВ го намалуваме ударот од цените на горивата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, информира дека Владата ја продолжи мерката со која ДДВ за дизелот се задржува на повластена стапка од 10 проценти, до 12 октомври. Божиновска

Мурињо требало да биде тренер на Барселона во периодот пред Гвардиола да пристигне на „Камп Ноу“

Приказната на Жозе Мурињо со Барселона можела да тргне во сосема поинаков правец. Долго пред да стане еден од најголемите ривали на Каталонците како тренер на Реал Мадрид, португалскиот стручњак бил исклучително

74 милиони денари промет на Македонската берза, МБИ10 со минимален пад

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 28.09.2026 заврши со минимален пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.722,45 поени. Во
Go toTop