Се зголемува бројот на загинати во Мјанмар

April 1, 2025
1 min read

Бројот на жртви од силниот земјотрес што го погоди Мјанмар се приближува на 3 илјади. Над 4.500 лица се повредени, додека стотици се исчезнати. Ситуацијата е сложена поради тоа што земјата е погодена од конфликти и раселување.

Загрижени се и хуманитарните работници бидејќи болниците во погодените региони се преоптоварени, а комуникациските и транспортните патишта се отсечени. Се стравува дека бројот на загинати може да биде многу поголем.

„Мојот сопруг, синот, таткото се молат. Тие беа во џамијата за време на земјотресот. Беа многу исплашени“.

Во меѓувреме, организациите предупредуваат на хуманитарна катастрофа. 

„Во најпогодените области, заедниците се борат да ги задоволат основните потреби, како што се пристапот до чиста вода и санитарни услови, додека спасувачките тимови работат неуморно за да најдат преживеани и да обезбедат итна помош.“ – ООН.

И пред земјотресот, речиси 20 милиони луѓе во Мјанмар беа зависни од хуманитарна помош. Обединетите нации и нивните хуманитарни партнери првично обезбедија 15 милиони американски долари за мерки за спасување животи и под тешки логистички услови, испратија помош, како и тимови за итна медицинска помош. Спасувачките операции во Мјанмар се отежнати поради граѓанската војна меѓу владејачката воена хунта и противничките милиции.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владата ќе набавува 120 екоавтобуси

Следно

Пи-арот поважен од граѓаните: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ излегоа од „невидлив режим“

Latest from Blog

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од

Доцнат хонорари, се кратат часови за лична асистенција, а лицата со попреченост остануваат без соодветна поддршка

Доцнење на исплатата на хонорари, намалување на часовите за лична асистенција, недостиг од услуги за бездомните лица, како и примена на двојни стандарди – се дел од проблемите со кои се соочуваат

Хаверц и Ундав ја “скршија“ Гана!

ФОТО:facebook.com/DFBTeamEN/ Германија во пријателски меч вечерва во Штутгарт, успеа да ја победи Гана со 2:1. Стрелци на головите беа Хаверц од пенал и Ундав, додека за гостите стрелаше Фатаву. Натпреварот на „MHPArena“
Go toTop