Владата ќе набавува 120 екоавтобуси

April 1, 2025
1 min read

Владата на денешната седница донесе одлука за набавка на 120 екоавтобуси.Најголем дел од нив, како што информираат оттаму, се ургентно потребни за обнова на возниот парк на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

Во главниот град ќе бидат на располагање 80 од автобусите, а преостанатите 40 ќе бидат распределени во внатрешноста на државата согласно реалните потреби.

„Владата ја разгледа и усвои информацијата од Министерство за транспорт во врска со доставените писма за интерес од единиците на локалната самоуправа за потребата од набавка на еколошки автобуси за јавен превоз. Набавката на екоавтобусите ќе придонесе за подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните, како и намалување на загадувањето на воздухот во општините, одржлив развој и заштита на животната средина“, се наведува во соопштението испратено од владината прес-служба.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерот Ристовски го поздрави обединувањето на македонското пливање

Следно

Се зголемува бројот на загинати во Мјанмар

Latest from Blog

Со новиот договор Луис Енрике ќе зема двојно поголема плата во ПСЖ

Фото: ПСЖ Х Шпанскиот стручњак Луис Енрике неодамна го продолжи договорот со актуелниот француски и европски шампион ПСЖ. Договорот беше продолжен до 2030 година, но за време на официјалното објавување на таа

По заканите од Аргентина и пораките на Трамп, Британија бара повеќе пари за одбрана на Фокландите

Претседателот на одборот за одбрана на британскиот парламент, Тан Деси од Лабуристичката партија, денеска изјави дека заканите од аргентинскиот претседател Хавиер Милеј во врска со Фолкландските Острови ја истакнуваат потребата Велика Британија

ВЛЕН: Растат инвестициите, извозот и индустријата – економијата со раст од 4,3 отсто

Економскиот раст од 4,3 отсто во вториот кварталпретставува позитивен сигнал за македонската економија, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека зад растот стојат зголемените инвестиции, извозот и производството. Според податоците што ги презентира

Проданоски: Со благослов и молитва осветен храмот „Св. Никола“ во Беровци

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на осветувањето на храмот „Св. Никола“ во прилепското село Беровци. На свечениот чин присуствуваа и Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, свештенството, голем број
Go toTop