Се венчаа јорданскиот престолонаследник Ал Хусеин и саудиската архитектка Раџва

June 2, 2023
1 min read

АМАН (АА) – Јорданскиот престолонаследник Ал Хусеин бин Абдула Втори вчера се ожени со саудиската архитектка Раџва Ал Саиф на венчавка на која присуствуваа многу членови на кралските семејства од целиот свет, јавува Анадолу.

Раскошната венчавка се одржа во палатата Захран во јорданскиот главен град Аман, а улогата на сведоци на венчавката ја имаа кралот Абдула Втори, принцот Хасан бин Талал и таткото на невестата.

По свадбената церемонија, јорданската државна телевизија соопшти дека престолонаследникот и неговата невеста патувале низ главниот град придружувани со кралска поворка до палатата Ал Хусеиније, каде што се одржани прием и банкет.

Веднаш по свадбената церемонија издаден е кралски декрет со кој на невестата Ал Саиф ѝ се доделува титула принцеза.

Кралот и кралицата приредија свадбен прием во палатата Ал Хусеинија на кој присуствуваа повеќе од 1.700 гости, меѓу кои и челници на држави.

Кралот Абдула има четири деца, престолонаследникот Хусеин (29), принцезата Иман (27), принцезата Салма (23) и принцот Хашим (18).

Принцот Хусеин е легитимен наследник на јорданскиот престол, како што е наведено во Уставот на Јордан.

На церемонијата на венчавката на престолонаследникот Хусеин, меѓу другите, присуствуваа и малезискиот крал Ал-Султан Абдула Риајатудин Ал-Мустафа Билах Шах, холандскиот крал Вилем-Александер, ирачкиот претседател Абдул Латиф Рашид, либанскиот премиер Наџиб Микати, кувајтскиот престолонаследник Мишал Ал-Ахмад Ал-Џабер Ал-Сабах и сопругата на американскиот претседател Џо Бајден, Џил Бајден, и нејзината ќерка Ешли Бајден.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во Истанбул започна Фестивалот за дигитална уметност

Следно

Продолжен притворот на таткото на момчето кое го изврши масовното убиство во „Владислав Рибникар“

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop