Се урна градежно скеле од зграда во Швајцарија

July 12, 2024
1 min read

 

Тројца работници загинаа откако во Швајцарија се урна градежно скеле од зграда. Дополнителни осум лица се повредени во инцидентот во швајцарскиот град Прили во близина на Лозана, од кои четворица потешко, соопшти полицијата.

Несреќата се случила на градилиште на 19-катна дрвена зграда која е дел од трговски комплекс. Полицијата соопшти дека зградата е висока речиси 60 метри. Очевидци изјавија за швајцарската новинска агенција „Keystone-SDA“ дека товарниот лифт паднал, носејќи го со себе целото скеле на северната страна на зградата.

Властите првично не објавија детали за несреќата или за можната причина. Полицијата го опколи местото на несреќата, а ангажирани се пожарникари и специјализирани фирми за обезбедување на преостанатите скелиња од другите страни на зградата.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Како хороскопските знаци се однесуваат на плажа?

Следно

Рајс: Ако го освоиме ЕП, првпат во животот ќе пијам пиво

Latest from Blog

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки

Филипче: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

На средбата се разговараше за потребата од државна  поддршка  за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Претседателот Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден  предлог на СДСМ за помош за

Барди ќе го носи дресот на Коњаспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди денеска беше претставен како нов играч на Коњаспор. Тој во следните две сезони ќе го носи дресот на овој турски тим. Ова воедно ќе биде
Go toTop