„Сè секаде одеднаш“ со најмногу номинации за Оскар на програмата на Кинотека во февруари

January 24, 2023
1 min read

Актерите Риз Ахмед и Алисон Вилијамс денеска во театарот Семјуел Голдвин во Калифорнија ги објавија имињата на номинираните во 23 категории. 95-то доделување на Оскарите ќе се одржи на 12 март во театарот Долби во Лос Анџелес, а водител по неколку години повторно ќе биде комичарот Џими Кимел.

Научно-фантастичниот филм „Сè секаде одеднаш“ со оргинален наслов „Everything Everywhere All at Once” со 11 номинации е преводник на листата. Зад не го се „Тажачките од Инишерин“ (The Banshees of Inisherin) и „На западот ништо ново“ кои имаат по девет.

Во февруари проекциите на филмот со најмногу номинации за Оскар се на програмата на Кинотека.

За најдобар филм ова година, номинирани се „Тажачките од Инишерин“, „На западот ништо ново“, „Аватар: Патот на водата“, „Елвис“, „Фабелманови“, „Тар“, „Топ ган: Маверик“, „Триаголник на тагата“ и „Жените зборуваат“.

За Оскарот за најдобар странски филм ќе се борат „На западот ништо ново“ (Германија), „Аргентина, 1985“ (Аргентина), „Блиску“ (Белгија), „Тивката девојка“ (Ирска) и „ЕО“ (Полска).

Мартин Мекдона за „Тажачките од Инишерин“, Даниел Кван за „Сè секаде одеднаш“, Стивен Спилберг за „Фабелманови“, Тод Филд за „Тар“ и Рубен Естлунд за „Триаголник на тагата“ се номинирани во категоријата најдобар режисер.

Целата листа на линкот.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Барселона и Севилја се исклучени од женскиот шпански куп

Следно

(ВИДЕО) Како е да се биде припадничка на елитните полициски и армиски единици

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop