СЕ РАДУВАМЕ ШТО ПО 4 ГОДИНИ, „М“ ЌЕ ИМА ПРЕМИЕРА НА СИНЕДЕЈС, ВЕЛИ ЕКИПАТА НА НОВИОТ ФИЛМ НА ВАРДАН ТОЗИЈА

July 10, 2023
3 mins read

Со премиерата на вториот долгометражен филм на режисерот Вардан Тозија „М“, на 13 јули, се отвора 22. издание на Фестивалот на европски филм Синдејс во Скопје. Премиерата е закажана во 21 часот во паркот зад Младинскиот културен центар (МКЦ).

Продуцент на „М“ е „Фокус покус филмс“ од Скопје во копродукција меѓу Хрватска, Косово, Луксембург и Франција. Сценариото е на Тозија и режисерот Даријан Пејовски, а кинематографер е Влатко Самоиловски.

Екипата на денешната прес-конференција говореше дека филмот е снимен пред четири години, и дека се радуваат оти конечно, после сите предизвици, филмот ќе ја има својата премиера. „М“ во мај беше прикажан на Канскиот маркет за филмски професионалци.

Тозија, чие деби „Џган“ во 2016 имаше голем успех, вели дека „М“ е дистописка приказна за осумгодишниот Марко, дете кое е затворено во границите, во заштитата на својата магична шума. Низ годините живее, не знаејќи што се случува со светот надвор. Чувано е и скриено од посесивен, строг, опседнат татко, кој секако, знаејќи дека тој е сѐ шо му останало, се труди да со сочува од сознанието за тој свет.

„Сѐ додека еден ден љубопитноста не го натера тоа дете да излезе од границите на шумата, да истражи, да види што има зад тој свет, тој забранет свет. Наоѓа едно другарче и почнува да истражува. Тоа истражување води кон одреден след на настани кои ќе го доведат во една голема авантура“, рече режисерот.

Марко го игра Матеј Сиваков, а во екипата се и: Александар Ничовски, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Камка Тоциновска, Бојана Грегориќ-Вејзовиќ, Оливер Митковски, Владимир Тулиев.

Режисерот Тозија со Александар Ничовски, еден од актерите во филмот. (Фото: МКЦ)

„Филмот дури и го подзаборавив, го снимавме скоро пред четири години. Ќе го паметам по тешкиот и исцрпен кастинг кој траеше доста долго. Кога го прочитав сценариото, во главата си зацртав дека мора да ја добијам улогата. Не се израдував до крај, бидејќи во исто време ми потврдија уште два филма. Во истиот месец август, снимав три филма, тоа беше една актерска шизофренија. Но,овде бев многу опуштен зашто бев во една здрава режсерка рака и мислам дека овој филм ќе ја крене малку лествицата погоре во однос на тоа што понатаму ќе се случува. Ова е филм од 2 милиони евра снимен со 270 илјади евра. Како? Само Дарко Попов, Вардан Тозија и Влатко си го знаат тоа, а богами и ние. Беше напорно, тешко снимање. Тоа лето ќе го паметам по работа со деца. Дури ми доаѓаа моменти да помислам дека веќе никогаш нема да снимам со деца. Во исто време се снимаше филмска серија за деца, овде бев татко на некое дете, па претходно снимав филм каде што играв татко, и си помислив, дали остарев што играм само татковци? Многу е тешко да не се спуштиш на тоа негово ниво да бидеш помеѓу, дали актерки или ментално, да не повредиш, навредиш, тоа се чисти, детски души. По тоа ќе го паметам филмот, дека таа работа беше тешка, но не значи неуспешна“, кажа Коцев.

Самоиловски исто така се пошегува дека ова е најдолгиот филм на кон работел во кариерата, и се осврна на хаосот со ѓубрето во Скопје.

„Кога ги видов утрово контејнерите преполни, си викам Дарко да не дал пари за пропаганда на ‘Комунална хигина’, во стил на апокалипсата на филмот“, рече кинематограферот.

Сценографијата е на Кирил Спасески-Кикич, костимите се на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек.

Фестивалот Синедејс ќе трае до 18 јули, ќе се прикажат повеќе од 40 филмови, и ќе имаат над 50 гости. Слоганот е „Муви најт“, а проекциите ќе бидат зад во паркот зад МКЦ, киното Фросина и летното кино на отворено во Кинотека.

„Две децении Синедејс го гради угледот на квалитетен меѓународен филмски фестивал, единствен домашен фестивал акредитиран од ФИАПФ, но годинава со исклучително намален буџет. Сепак професионалноста и ентузијазмот на тимот на МКЦ направи одлична програма со која не отстапува од своите големи и високи фестивалски амбиции“, рече Маргарита Арсова, програмски координатор на Синедејс.

И годинава натпреварувачката програма е селекција на Бернд Будер. Филмовите се поделени во:  Официјална селекција, Гала програма, СЕЕ програма, МК кратки филмови и Ретроспектива на филмови посветена на Дејвид Боуви како актер.

„Она што е обединувачко за ова издание на фестивалот е компакната програма во која ќе погледнеме наслови на Вим Вендерс, Кен Лоуч, Нани Морети, Аки Каурисмаки, Франсоа Озон, Александар Сокуров. Тука е и ‘На возраст’, новиот филм на Горан Столески, а имаме и пет премиери на македонски кратки филмови. Поради буџетските рестрикции програмата е тесно селектирана на сметка на квантитетот за да извадиме што подобар квалитет“, додаде Арсова.

Затворањето е на 18 јули со премиерата на филмот на режисерот Гоце Цветановски, „Бизнисот на задоволството“.

Билетите се по цена од 200 денари, за сите филмови.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Погба е на потег: Ќе стане ли соиграч со Бензема и Канте за 100 милиони евра по сезона?

Следно

Роналдо објави импресивно видео од тренинг, сѐ уште е ѕвер

Latest from Blog

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Go toTop