Акцискиот план за малцинства е готов и неофицијално е усогласен со дваесет и шест земји-членки, освен со една

June 6, 2026
2 mins read

Акцискиот план за малцинства е готов, усогласен со експерт од Европската комисија, како ниту една држава што го има направено и неофицијално е усогласен со дваесет и шест земји-членки, освен со една, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Институтот за јавно здравје во Скопје.

Прашан до каде е Владата со Акцискиот план за малцинства и што конкретно има како барање таа една земја, Мицкоски рече дека „кога би знаел, ќе ви дадев одговор“.

-Акцискиот план за малцинства е готов, усогласен со експерт кој што го добивме од страна на Европската комисија. Експерт за човекови права, имаше две јавни расправи, како ниту една држава што го има направено и неофицијално ова го кажувам е усогласен со дваесет и шест земји членки, освен со една. Исто како што таа една е против да бидеме и дел од иницијативата Трите мориња. Тоа е што е – изјави Мицкоски.

Предлог-акцискиот план за заштита и унапредување на правата за припадниците на заедниците, кој е изработен на македонски и англиски јазик од домашни и меѓународни експерти, во блиска консултација со Совет на Европа и Европската комисија е документ којшто содржи јасно дефинирани мерки, рокови и надлежни институции и е целосно усогласен со највисоките европски стандарди. Наместо да биде поздравен како конструктивен чекор напред, документот од јануари годинава е предмет на апстрактни и неосновани коментари од страна на Бугарија.

Премиерот Мицкоски, уште во јануари годинава изјави дека се случило тоа за што ги предупредил партнерите во Брисел – „дека и најдобриот Акциски план за малцинствата да го направиме, тој ќе биде одбиен од Бугарија“. -Жалам што уште еднаш ја испуштија шансата дека се добри соседи. Ниту една земја членка нема против, ниту едно малцинство во Македонија нема против, бидејќи имаше јавна дебата. Е, проблем било што бил на македонски јазик, рече Мицкоски.

Мицкоски на крајот на минатиот месец, по средбата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Скопје, изјави дека сме спремни да го испорачаме Акцискиот план за малцинства, што го работевме заедно со Брисел и експерти препорачани од ЕК, но нагласи дека „ако билатералните прашања се тие кои треба да го судат нашиот европски пат тогаш ние ќе се бориме на друг начин“. -Нашата стратегија е да ги завршиме реформите дома бидејќи тие ни требаат нас. Втора работа која што исто така сме спремни да ја испорачаме тоа е Акцискиот план за малцинства што го работевме заедно со Брисел и експерти препорачани од ЕК. Тој е готов и чекаме зелен сигнал од Брисел да помине на Владина седница. Ние испорачуваме тоа што зборуваме, рече Мицкоски.

Бугарскиот премиер Румен Радев, во изјава за медиумите пред Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, рече дека постојат два можни пристапа за забрзување на членството на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, но дека Софија се залага за процес заснован на реални заслуги и спроведени реформи. – Нашата позиција е дека не треба да пренесуваме наследени политички и историски проблеми во Европската Унија и ќе продолжиме цврсто да ја браниме таа позиција – рече бугарскиот премиер, нагласувајќи дека проширувањето подразбира длабоки реформи во правосудството, владеењето на правото, заштитата на човековите права и развојот на добрососедските односи.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Папата го прашаа кого сака повеќе Реал или Барселона?

Следно

Гвардиола: Го обожавам Флик! Лигата на шампиони уништува проекти

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop