Се предаде терорист на ПКК кој на организацијата ѝ се приклучил во Франција

June 25, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Четворица припадници на терористичката организација ПКК побегнаа од камповите на северот на Ирак и им се предадоа на Турските безбедносни сили, меѓу кои и еден што ѝ се приклучил на организацијата во Франција, јавува Анадолу.

Според информациите добиени од извори на Министерството за национална одбрана, четворица терористи на ПКК што побегнале од засолниште во Северен Ирак се предале на 22 јуни на граничните точки во Хабур и Силопи.

Утврдено е дека еден од терористите ѝ се придружил на терористичката организација минатата година додека престојувал во Франција од каде што бил пратен во терористичките кампови во Северен Ирак.

Терористот со кодно име Мунзур Б. во својот прв исказ рекол дека поминал извесно време во камп во Грција пред да биде пратен во Северен Ирак и дека таму ги добил првите информации за организацијата.

Утврдено е и дека еден од припадниците на ПКК, кој минатата недела беше неутрализиран во северниот дел на Ирак, е германски државјанин, а друг ѝ се приклучил на терористичката организација од Франција.

Во над 35-годишната терористичка кампања против Туркије, ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Туркије, Соединетите Американски Држави и Европската Унија, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои жени, деца и стари лица. ЈПГ е сириски огранок на таа терористичка организација.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вучиќ и Дачиќ за настаните во Русија: Србија никогаш нема да поддржи пуч во ниту една земја

Следно

Поранешен премиер на Русија: Ова е почетокот на крајот на Путин

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop