Се подготвува терен за „безбеден град“, од следната година одземање на возилото по тешки сообраќајни прекршоци

July 5, 2025
1 min read

Ако возите автомобил под дејство на алкохол или додавате гас и летате низ улиците или направите тежок сообраќаен прекршок, покрај што ќе заработите казна, ќе ви биде одземено и возилото. Од јануари идната година треба да профункционира системот „Безбеден град“. Министерот Тошковски на денешниот отчет за сработеното во изминатата година, рече дека неопходни се измени во шест до седум закони и отпочната е постапката за секој од нив.

„Граѓаните треба да бидат свесни дека во иднина, во однос на оние кои што особено безобзирно управуваат со моторни возила, надвор од разум секаков, ќе се оди со поригорозни мерки, односно ќе се оди дури и со кофискација на самото возило.“, рече Тошковски.

Измените не се однесуваат само на имплементацијата на системот туку и ставање ред во сообраќајот, вели Тошковски. Додава дека иако Кривичниот законик не е директно поврзан со системот „Безбеден град“, неговата измена и прецизно разграничување меѓу кривично дело и прекршок е клучна за превентивно делување.

На системот Безбеден град се работи повеќе од десетина години и чини многу пари.

„Во однос на вкупната сума не би можел да ви дадам сега одговор затоа што ги немам тие податоци, инаку сигурно многу пари. И греота е што до сега не е ставен во функција така како што би требало да биде ставен.“, изјави Тошковски.

Според анализите на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, бројот на загинати на патиштата низ земјава од година во година расте. Така, во 2021 имало 116, а во 2024 година животот го загубиле 142 лица. Ова ја сместува земјата далеку над европскиот просек. Така во Македонија на патиштата гинат во просек 68 лица на милион жители, а просекот на ЕУ е 46 загинати во сообраќајни несреќи.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СТЕВАН СМИЛЕВСКИ ЈА ПРИМИ АРХИТЕКТОНСКАТА НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО „АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“

Следно

Израелски медиуми: Израел доби одговор од Хамас на предлогот за прекин на огнот, се дискутираат деталите

Latest from Blog

Две лица загинаа во напад на украински дрон во Белгородската област

Во напад на украински дрон врз приватна куќа во Стари Оскол во Белгородската област загинаа двајца цивили, изјави денеска гувернерот на таа област, Вјачеслав Гладков. – Избувна пожар, што доведе до делумно
Go toTop