Грчкиот Парламент електронски ќе го контролира времетраењето на говорите – автоматски ќе се исклучува микрофонот

October 30, 2025
1 min read

Воведување електронски механизам за контрола на времетраењето на говорите и нова апликација со која автоматски ќе се исклучува микрофонот на говорникот по истекот на дозволеното време, предвидуваат, меѓу другото, измените во Деловникот за работа на грчкиот Парламентот, што беа изгласани од пратениците.

Парламентот со широко мнозинство даде зелено светло за измените, а целта на конкретната мерка е да се гарантира дека сите говорници ќе се придржуваат до предвиденото име, во спротивно, нивниот микрофон автоматски ќе се исклучува.

Сепак, предвиден е и праг на толеранција од 25 отсто во времетраењето на говорот за сите учесници во парламентарните дискусии, а исклучоци ќе има кога станува збор за специјални расправи, како што се седници за буџетот или по предлози за недоверба на Влада.

Дополнително, министрите и претседателите на пратеничките групи ќе можат да земаат збор до три пати. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реал (М) веќе знае кој ќе биде замената за Винисиус ако Бразилецот замине

Следно

Тоневски најавува развој на Лесново како туристички бисер на Македонија

Latest from Blog

Петгодишно дете загина, откако врз него падна огромен екран во училиште на Флорида

Несреќата се случи во училиштето „Ривиера“ во Палм Беј. И покрај брзата интервенција на училишниот персонал и службите за итни случаи, момчето им подлегна на повредите во болницата подоцна истиот ден, пишува
Go toTop