Израелски медиуми: Израел доби одговор од Хамас на предлогот за прекин на огнот, се дискутираат деталите

July 5, 2025
2 mins read

ЕРУСАЛИМ / ИСТАНБУЛ (АА) – Израел го добил одговорот на Хамас на новиот предлог за прекин на огнот во Појасот Газа, а во тек се разговори за деталите, објавија израелските медиуми доцна синоќа, пренесува Анадолу.

Израелскиот Канал 12 цитираше анонимен извор кој рече дека медијаторите му ја доставиле на Израел позитивната реакција на палестинската група за новиот предлог за прекин на огнот.

„Ги завршивме нашите внатрешни консултации со палестинските фракции и сили во врска со најновиот предлог на медијаторите за запирање на агресијата врз нашиот народ во Газа“, соопшти Хамас претходно вчера.

Изворот истакна дека се очекува израелска делегација да отпатува во Доха за преговори за спроведување на предлогот, без да даде конкретен временски рок.

Канал 12 претходно објави, цитирајќи извор, дека преговорите во главниот град на Катар „нема да траат повеќе од ден и половина“.

Египет, од своја страна, започна со интензивни контакти со различни страни за продолжување на индиректните преговори и постигнување конечна формула за која ќе се согласат сите страни, објави египетскиот канал Ал-Кахера ел-Ехбарија.

Според израелскиот јавен радиодифузен сервис КАН, Хамас инсистира на три главни барања – враќање на претходниот механизам за дистрибуција на помош, продолжување на прекинот на огнот по предложениот 60-дневен период и фактичко повлекување на израелските армиски сили од Појасот Газа.

Извештаите од Израел укажуваат дека главниот предизвик пред продолжувањето на преговорите ќе биде повлекувањето на израелската армија од енклавата, објави израелскиот весник „Хајом“.

Весникот наведе дека Израел се стреми да го задржи присуството на Оската Мораг, која ја дели Рафа од Кан Јунис во јужна Газа, додека Хамас бара целосно повлекување.

Дневниот весник „Једиот Ахронот“, повикувајќи се на неименувани израелски претставници, објави дека американскиот претседател Доналд Трамп можно е да го објави договорот за прекин на огнот во Газа за време на неговата средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделник.

Нетанјаху треба да отпатува во Вашингтон за да се сретне со Трамп, според јавувањата.

Хамас не наведе детали за предлогот, но израелските и американските медиуми објавија дека главните одредби вклучуваат ослободување на половина од живите израелски заложници од страна на Хамас, односно 10, како телата на 18 затвореници во пет фази за време на 60-дневниот прекин на огнот.

За возврат, Израел би ослободил голем број палестински затвореници и постепено би ги повлекол силите од договорените области во Газа – точка што би можела да предизвика поделба во Тел Авив, кој бара разоружување на палестинската група и прогонство на нејзиното раководство во странство.

Тел Авив проценува дека во Газа има 20 израелски заложници, додека повеќе од 10.400 Палестинци се држат во израелските затвори, под тортура, гладување и медицинска запоставеност што доведе до смрт на многумина, според извештаите на палестинските и израелските организации за човекови права и медиуми.

И покрај меѓународните повици за прекин на огнот, израелската армија спроведува геноцидна војна во Газа, убивајќи над 57.300 Палестинци, повеќето од нив жени и деца, од октомври 2023 година.

Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се подготвува терен за „безбеден град“, од следната година одземање на возилото по тешки сообраќајни прекршоци

Следно

Во турски Киркпинар се одржува 664-от Историски фестивал на пеливанство

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop