СЕ ПОДГОТВУВА АТЕНТАТ НА ТРАМП, тврди израелското разузнавање

July 10, 2026
1 min read

Израел ја предупредил американската влада дека Иран наводно планира атентат врз претседателот Доналд Трамп, објави CNN, повикувајќи се на неименувани извори.

Според извештаите, иранското раководство дури неодамна го подготвило планот, чии детали засега не се познати.
Американската администрација во изминатите недели често добивала слични предупредувања, објави CNN, повикувајќи се на американски функционер. Меѓутоа, израелското предупредување е ново и вклучува конкретен план за атентат, изјавил функционерот.

Друг американски функционер изјавил за CNN дека предупредувањето исто така може да биде и обид да се влијае врз одлуките на Трамп во врска со војната со Иран. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху неодамна се залагаше за поостар став кон Техеран и влезе во конфликт со Трамп околу тоа прашање. Трамп ги подгреа шпекулациите за безбедносните проблеми откако не го искористи новиот Air Force One, како што се очекуваше, на повратниот лет од самитот на НАТО во Анкара.

„Јас сум прв на иранскиот список за отстрел“, изјавил тој, без дополнително објаснување.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мајсторија на Мбапе + мајсторија на Дембеле и Франција е во полуфинале!(ВИДЕО)

Следно

Проданоски: Од 17 до 19 јули Прилеп ќе биде главниот фестивалски град во Македонија

Latest from Blog

Меџити: Околу еден милион евра инвестираме во базен за нашите деца во Чаир

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска изврши увид во работите на новиот базен во училиштето „7 Март“. Тој посочи дека изградбата се одвива според планираната динамика и

Главниот ривал на Инфантино се откажува од трката за прв човек на ФИФА?

Виктор Монталијани, кој се споменуваше како еден од најсериозните потенцијални противкандидати на Џани Инфантино за претседателската функција во ФИФА, најверојатно нема да влезе во трката на изборниот конгрес закажан за 18 март.

Проданоски: Прекрасен подарок со искрена порака во пресрет на 11 Октомври

Во пресрет на 11 Октомври, ученици од текстилно-кожарската и шумарско-дрвопреработувачката струка при СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп му подарија рачно изработено македонско знаме на градоначалникот Дејан Проданоски. Знамето е едно од трите
Go toTop