Мајсторија на Мбапе + мајсторија на Дембеле и Франција е во полуфинале!(ВИДЕО)

July 10, 2026
1 min read
ФОТО:facebook.com/fifaworldcup/

Франција – Мароко 2:0 во првиот четвртфинален меч на СП. А да не се мачат другите па уште сега да и ја дадат титулата на Франција. Ако и еден Мароко не им можеше ништо на избраниците на Дидие Дешамп, тогаш се е кажано.

Мбапе прво промаши пенал, па потоа се “извади“ со фантастичен гол за 1:0, негов осми на Мундијалот со што се израмни на листата на стрелците со Меси и негов 20-ти на светските првенства. Потоа мајсторија на Дембеле и тоа беше тоа.

Вистинско чудо е како Франција немаше водство по првото полувреме. Уште од почеток на мечот „Триколорите“ ја преземаа контролата на настаните на теренот и се редеа шанси. Упамекано, па Дембеле, па Мбапе не успеа во 28.минута да реализира пенал, поточно голманот на Мароко, Боно му го одбрани тој удар. Следуваше шансата на Дуе, но гол немаше па немаше. Па така на пауза се замина со тие почетни 0:0.

Во второто нешто поинаква слика на теренот, Мароко се отвори, имаше неколку закани кон голот на Мањан, но Дуе во 55.минута имаше голема шанса, но пак тој Боно излезе како победник.

И тогаш во таа 60.минута Мбапе со фантастичен гол му носи водство на својот тим, на својата селекција, на Франција од 1:0.

Уф, каков гол бр.8 на Мундијалот или негов вкупно 20-ти на светските првенства на капитенот на „Триколорите“.

Тоа како да беше потстрек за Дембеле, за да и тој се запише во листата на стрелците за 2:0. Едноставно Франција си ја покажа силата. Толку фалениот Мароко беше во шок, па не се оди во 1/2 финале само со одбрана.

Во последните минути Мароко се закани со неколку опасни удари, но сепак тоа беше недоволно да се дојде до некоја сензација.

 

 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По 20 години Палестинците излегуваат на избори- одреден е датумот

Следно

СЕ ПОДГОТВУВА АТЕНТАТ НА ТРАМП, тврди израелското разузнавање

Latest from Blog

Меџити: Околу еден милион евра инвестираме во базен за нашите деца во Чаир

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска изврши увид во работите на новиот базен во училиштето „7 Март“. Тој посочи дека изградбата се одвива според планираната динамика и

Главниот ривал на Инфантино се откажува од трката за прв човек на ФИФА?

Виктор Монталијани, кој се споменуваше како еден од најсериозните потенцијални противкандидати на Џани Инфантино за претседателската функција во ФИФА, најверојатно нема да влезе во трката на изборниот конгрес закажан за 18 март.

Проданоски: Прекрасен подарок со искрена порака во пресрет на 11 Октомври

Во пресрет на 11 Октомври, ученици од текстилно-кожарската и шумарско-дрвопреработувачката струка при СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп му подарија рачно изработено македонско знаме на градоначалникот Дејан Проданоски. Знамето е едно од трите
Go toTop