Се одбележува Меѓународниот ден за борба против корупцијата

December 5, 2024
1 min read

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против корупцијата организира настан заедно со партнерите од Проектот на УСАИД за партнерство против корупцијата и Проектот „Заедници со интегритет“, финасисран од Владата на Швајцарија, имплементиран од Националниот Демократски Институт, и со поддршка на Собранието на Република Северна Македонија.

Како што соопштија од ДКСК, целта е да се зајакне борбата против корупцијата на сите нивоа на управување.

На настанот што ќе се одржи во Собранието на Република Македонија, ДКСК најавија воведни обраќања на претседателот на Собранието Африм Гаши, на министрите за правда и за локална самоуправа Игор Филков и Златко Перински, а меѓу другите голем број учесници и швајцарската амбасадорка Вероник Улман, директорката на Бирото за јавни набавки Маре Богева Мицковска, како и директорот на Финансиската полиција Слободан Ивановски.

Во рамки на настанот ќе се одржи и панел-дискусијата „Клучни активности и предизвициво градење систем отпорен на корупција/заклучни согледувања и идни препораки“. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Одбележување на 5 Декември – Светскиот ден на волонтерството

Следно

Претежно облачно со локални врнежи од дожд – на планините снег!

Latest from Blog

Пожар во валандовско, огнот брзо се шири и го загрозува селото Јосифово – побарана воздухопловна поддршка

Во текот на денешниот ден на територијата на Општина Валандово, во атарот на селото Јосифово, избувна пожар во сува трева. Поради силен ветер и високи температури, огнот брзо се прошири и го

Ландо Норис со трета победа во сезоната во Формула 1

Ландо Норис (Велика Британија, Мекларен) ја забележа својата трета победа во сезоната во Формула 1, откако победи во директен дуел против својот тимски колега Оскар Пјастри (Австралија, Мекларен) во напнатата трка за

Конгрес на Движењето ЗНАМ: Максим Димитриевски на чело и во следните четири години

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија  го одржа Вториот Конгрес на којприсутните 413 делегати едногласно за претседател на партијата воследните четири години го избраа Максим Димитриевски. Обраќајќи се пред сопартијците, делегатите и

СДСМ открива нов скандал во МВР: Милионски тендер за возачки испити завршил кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Нов скандал во МВР е на повидок– нов случај на крајно сомнителен, коруптивен тендер којшто отвора сериозни прашања за злоупотреба на институциите  за бизнис интереси и испумпување на парите на граѓаните, откри
Go toTop