Се намалуваат цените на пет патарини на автопатот Солун – Атина

September 3, 2024
1 min read

За околу три евра поевтино ќе биде патувањето со автомобил меѓу Солун и Атина со намалувањето на цените на пет патарини во централна Грција, што вчера го соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Намалувањето на цените за 17 отсто за лесните возила и пет проценти за тешките, што ќе трае 15 месеци, ќе стапи во сила на 1 октомври, а ќе важи до крајот на 2025 година, е резултат на искористување на 15,8 милиони евра, што произлегле од рефинансирањето на договорот за концесија на конкретниот дел на автопатот.

Поконкретно за автомобилите, по промената на цените, за петте патарини до крајот на годинава, граѓаните ќе плаќаат 13,7 евра, наспроти 16,5 колку што е сега, а во 2025 година, цените ќе бидат за три евра пониски, односно од 17,4 на 14,4 евра.

Петте патарини се во централниот дел на Грција, во близина на градовите Катерини, Лариса, Волос и Ламија.

Грчкиот премиер објасни дека со намалувањето на каматните стапки од рефинансирањето на договорот за концесија на делот од автопатот, државата е со придобивка од нешто помалку од 16 милиони евра, по што решиле, конкретните средства, наместо да бидат вклучени во државниот буџет како вонреден приход, „да ги вратат на локалното население“.

– Сметаме дека е фер да можеме да ги вратиме парите во локалната заедница, но не само тоа, ова значи дека секој што ќе патува од Атина во Солун преку автопатот ќе ја има оваа придобивка. Нагласувам дека ова е од 1 октомври до 31 декември 2025 година, што во суштина го покрива периодот кога сметаме дека сè уште ќе има притисоци во однос на инфлацијата, дури и да се намалува, рече Мицотакис.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Путин доби црвен тепих во Монголија и покрај повиците за апсење

Следно

Лефков: Од куфер повеќе не боли глава, Бисера Антоанета во Ријад и Брисел купила куфер, кошули, поло маици, накит и облека со службени пари

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop