Се јавија експертите за партизација на судство: ВМРО-ДПМНЕ наводно го партизирале, aко нешто и остана непартизирано од СДСМ…

November 11, 2024
1 min read

 

„Прв на листа беше сопартиец на неговиот коалициски партнер Изет Меџити од Демократското движење, Адријан Демири кој пратениците на власта го изгласаа во матичната Комисија за прашања на изборите и именувањата за член на Советот на јавни обвинители“, реагираат експертите за партизација на судство од СДСМ на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски.

„Ова ли е реформата која ја најавува? Ова е тоа што ВМРО-ДПМНЕ го правеше порано и сака да го прави и сега.

Вистинска реформа не подразбира партиско назначување на кадри како што тоа го прави Мицкоски туку судство ослободено од прангите на неговата партија“, додаваат експертите за партизација од СДСМ.

СДСМ оценуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која секогаш кога е на власт имала една единствена цел, ставање на судството под контрола и сега тоа го докажува на дело. Јавноста, пак, добро знае кој го партизира судството минатите три децении. Во 1996-та наместија над 600 свои судии во еден, единствен ден. Светски, Гинисов рекорд. Следуваа Кацарска судство и Рускоска обвинителство од минатите 7 години. Парт ијата се вика СДСМ.

Инсталациите на СДСМ и ДУИ се жилави и ќе биде жестока борбата со нив, не очекувам дека ќе биде лесна и во обвинителството и во судството. Нивната цел да дадат се од себе за да го уништат обвинителството и судството за да можат нивните вистински стопани, тие малкумина судии и обвинии да ги заштитат, добива епски размери. Ова го зборував и на последната собраниска седница кога одговарав на пратенички прашања, истакна премиерот Христијан Мицкоски по реакцијата на ДКСК за именување на членови од Судскиот совет и Советот на јавни обвинители во Академијата за судии и обвинители.

Според Мицкоски, во изминатите пет месеци од владеењето на новата Влада, често се случува некои од обвинителите да имаат стомачни проблеми, главоболки и температура, во момент кога треба да се преземе акција против криминалци кои биле симбол на, како што вели, минато седумгодишно владеење кое не треба да се повтори.

-Не верувам дека оваа борба ќе биде кратка, ќе биде долга и исцрпувачка. Малкумина се во судството и Обвинителството, но можам да кажам дека ќе победиме. Тие ќе бидат поразени, а македонските граѓани ќе добијат правда каква што заслужуваат, а не неправда од страна на опструирани послушници на минатата власт, рече Мицкоски при посетата на Тутунски комбинат АД Прилеп.

 

 

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

СДСМ: Мицкоски сака да го партизира судството, прв на листата беше сопартиецот на Меџити

Следно

Владата за 15 милиони денари го намалила буџетот за животна средина

Latest from Blog

Хотелите во Скопје обезбедија бесплатно сместување за семејствата на загинатите и повредените

Здружението на хотели од Скопје, обезбедија бесплатно сместување за семејствата и роднините на повредените и почиантите лица во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во клиниките низ државава, се лекуваат 155 лица,

Телата на починатите во пожарот ќе се транспортираат на обдукција во Скопје

Во Општата болница во Кочани пристигнуваат триесетина возила од погребните претпријатија и од АРМ, кои треба да ги транспортираат телата на загинатите на обдукција во Скопје, јави допсиникот на МИА од Кочани.

Сочувство за трагедијата во Кочани од Спиропали, Венгу, Мета, Бериша

Претседателката на албанскиот парламент Елиса Спиропали денеска изрази сочувство за трагедијата во Кочани, наведувајќи дека таа „ е со семејствата кои ги загубија своите најблиски“. „Тажна вест за страшната трагедија во Кочани,

Разговор Мицкоски-Руте: Можно активирање на НАТО системот за справување со несреќи

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска со генералниот секретар на НАТО Марк Руте разговарал за пожарот во Кочани, каде загинаа 59 лица, а 155 се повредени. Мицкоски и Руте зборувале за можно

Психијатриската болница во Скопје отворена за сите кои чувствуваат потреба за помош по трагедијата во Кочани

Директорот на Психијатриска болница -Скопје, Иса Авдулаи, изрази сочувство на семејствата на жртвите во трагедијата во Кочани, посочувајќи дека Клиниката за психијатија во Скопје е отворена да пружи каква било помош за
Go toTop