Владата за 15 милиони денари го намалила буџетот за животна средина

November 11, 2024
1 min read

Град Скопје оваа година во Програмата за заштита на животната средина вклучи само една мерка за зачувување на квалитетот на воздухот – бесплатен јавен превоз при високо ниво на загаденост и кога Владата активира мерки за заштита на граѓаните. И покрај ова, буџетот за 2024 година предвидува намалени средства за еколошка заштита. Новата влада со ребалансот на буџетот средствата планирани заМинистерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) ги намали од 50 милиони на 35 милиони денари на нивото на целата држава.

Советниците од „Зелен хуман град“ повеќепати предлагаа краткорочни и среднорочни мерки за намалување на загадувањето, но и покрај усвоените предлози, Градот ретко ги спроведуваше. За да укаже на сериозноста на проблемот, советникот Горјан Јовановски дури се појави со гас-маска на една од седниците.

Последниот предлог од јуни, кој беше прифатен од советниците, вклучуваше 19 препораки изработени на првото Климатско собрание на Скопје. Градските служби треба да изготват план за имплементација на препораките, вклучително и временски рокови и финансиски извори, но досега нема постигнато видливи резултати.

Мерките во оваа иницијатива опфаќаат редовно чистење на улиците, зголемување на зелените површини и одржување на постојното зеленило според потребите на граѓаните и локалните услови.

Загадувањето на воздухот резултира со илјадници смртни случаи годишно, и за да се подобри состојбата, потребни се построги мерки за контрола на индустријата, замена на старите системи за греење со инвертери и подобра еколошка одговорност.

Во изминатиов викенд гореа и диви депонии во Визбегово и тоа на пет локации, а на терен дејствуваа инспектори на Град Скопје, пожарникарите и екипи на неколку јавни претпријатија. Како што тврдат од Град Скопје, само во текот на викендот скопските инспектори за животна средина и комуналните инспектори изрекле казни на повеќе од 25 сторители.

Истражувањата на УНДП и Универзитетот „Гоце Делчев“ посочуваат дека домаќинствата и јавните објекти што користат фосилни горива се главни загадувачи, додека „Шанса за Центар“ мапираше околу 700 јавни објекти кои користат нафта и мазут за греење, меѓу кои се болници, училишта и градинки во Скопје.

Министерот за здравство Арбен Таравари најави нов проект за намалување на загадувањето преку замена на системите за греење во болниците, додека министерот за животна средина Изет Меџити истакна дека загадувањето е приоритет и дека е во тек акционен план, вклучувајќи повторен обид за гасификација на урбаните центри.

Во Скопје се поставени само пет државни мерни станици и една мобилна за следење на квалитетот на воздухот, но некои од нив не секогаш функционираат правилно или мерат само одредени честички. Во моментот, на „IQAir“ платформата, Скопје варира помеѓу 4-то и 15-то место на листата на најзагадени градови во светот.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се јавија експертите за партизација на судство: ВМРО-ДПМНЕ наводно го партизирале, aко нешто и остана непартизирано од СДСМ…

Следно

Муртезани и Дука разговараа за координација и синхронизирање на ЕУ и Реформската агенда за заеднички пробив на европскиот пат

Latest from Blog

Божиновска на UNECE Resource Management Week 2026: темел на идната енергетска политика се инклузивната транзиција и одржливото управување со ресурси

Присуството и учеството на Македонија на UNECE Resource Management Week 2026 уште еднаш ја потврдија стратешката позиција на државата како сигурен и кредибилен партнер во светските енергетски текови, активно придонесувајќи кон обликувањето

Балканска гордост во Флорида: Трпчески со концерт за паметење

На 19 април 2026 година, Американско-балканската глобална стопанска комора организираше значаен културен настан во престижниот Кравис центар за изведувачки уметности, каде светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески настапи заедно со Палм Бич

СТРАВ ОД БЛОКАДА НА НОВА ПОМОРСКА РУТА – Стоп за 40% од светската трговија

Додека вниманието на светот е насочено кон Ормускиот Теснец, една друга поморска артерија во Југоисточна Азија тивко станува центар на геополитички тензии со потенцијал да ја урне глобалната економија. Станува збор за

ВИДЕО – Коњановски: Битола чекори напред со сигурен развој

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, истакна дека актуелната генерација носи силна визија и одговорност за развојот на градот, нагласувајќи дека станува збор за луѓе кои активно работат на реализација на клучни

МЕГА – СКАНДАЛ: УЕФА судија уапсен за наводен сексуален напад врз малолетник!(ФОТО)

ФОТО: UEFA.COM Огромен скандал ја тресе УЕФА. Според информациите од британскиот таблоид „The Sun“, фудбалски судија кој минатата недела патувал во Англија е уапсен под обвинение за наводен сексуален напад врз малолетно
Go toTop