СДСМ со вистината за Кочани: И личниот избор на Тошковски, началничката Марија Цветковска меѓу заштитените од Мицкоски и Коцевски

June 2, 2025
1 min read

Од СДСМ велат дека ако Христијан Мицкоски мисли дека со игнорирање на жртвите во трагедијата во Кочани и нивните семејства Македонија ќе заборави, тогаш мора да му порачаме дека се лаже. Од опозициската партија му поачуваат дека нема да дозволат да останат неказнети оние кои дозволија на Македонија да и се случи најголемата трагедија во поновата историја!

„Помина доволно време, институциите не си ја завршија својата работа, институциите на прогонот се заложници на на Христијан Мицкоски кој од првиот ден ја попречува истрагата за пожарот во дискотеката Пулс за да се спаси самиот. Обвинителството и Мицкоски мора да одговорат зошто досега не е покрената истрага против актуелната началничка на ОВР Кочани, Марија Цветковска Маневска во моментот кога се случил пожарот?! Марија Цветковска Маневска е личен избор на Панче Тошковски за началник на ОВР Кочани уште во техничката Влада што значи дека таа е на функција повеќе од една година пред да се случи трагичниот пожар во Пулс“, рече портпаролката, Богданка Кузевска.

Од партијата прашуваат ‘Зошто Марија Цветковска Маневска не одговара за затворената врата во дискотеката Пулс, постапка која скратила драгоцени секунди за спас на многу животи?! и
како е можно како началник на ОВР Кочани, Маневска да нема информации дека е издадена и се спроведува наредба спротивна на стандардната оперативна процедура во секторот на ОВР со која самата раководи’.

„Дали и таа како и Драган Казак Петрушев е заштитена само затоа што е член на ВМРО-ДПМНЕ и има фотографии со поранешни и актуелни функционери на ВМРО-ДПМНЕ?! Дали е точно дека одговорниот за реонот во Кочани во кој се наоѓа дискотеката Пулс неколку месеци пред пожарот испратил службена белешка до своите надредени меѓу кои и Марија Цветковска Маневска дека дискотеката работи спротивно на законите? Ако Маневска добила ваква службена белешка зошто не постапила и не ја затворила дискотеката пред да се случи трагедијата?! Дали е точно дека додека горела дискотеката одредени полициски службеници не биле на висина на задачата меѓу кои и началничката Марија Цветковска Маневска? Дали Христијан Мицкоски лично ги штити овие луѓе од страв дека доколку станат дел од истрагата и против нив се покрене обвинение, истрагата ќе доведе лично до него и до неговите најблиски соработници?“

Дали Мицкоски ги штити овие луѓе за да не се распадне неговата параполициска и мафијашка структура во рамки на МВР?

Обвинителството мора да одговори зошто нема обвинение против овие луѓе?

Дали се мета на уцени или можеби станува збор за тргувања со влијание?

„Ништо нема да ја сопре вистината за трагедијата во Кочани! Кочани ја заслужува вистината, Македонија заслужува правда за сите невини детски животи згаснати поради институционална корупција!“, рече Кузевска.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јахоски со времен пасош на Босфор – ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од судиите

Следно

Салиу во 24 анализа: Зад британскиот кредит стојат и премиерот на Велика Британија и премиерот на Македонија

Latest from Blog

ОВА СЕ ДОБИТНИЦИТЕ: МОК ги додели наградите „Златна Олимпија“ за 2025 година

На свечена церемонија во Скопје, Македонскиот олимписки комитет ги додели наградите „Златна Олимпија“ за 2025 година на најуспешните спортистки, тренерки и спортски работнички, како и на оние кои придонесуваат за развој на

Ѕвездата на серијата „Луд, збуњен, нормалан“ се откажа од награда по пресудата за педофилија

Како што објави „Вијести онлајн“, Касумовиќ одлучи да се откаже од наградата „3 јануари“, највисокото општинско признание на Бијело Поље, кое му беше доделено во 2017 година, пренесе Индекс. Испрати соопштение за

Новогодишна лото грозница во Словенија- тикети се препродаваат и за 10.000 евра

За само осум дена беа продадени сите 450.000 тикети, па многумина ја пропуштија шансата да учествуваат во извлекувањето на големите награди. Во меѓувреме, тикетите се појавија во онлајн реклами, а поединци бараат

Гвадалахара не успеа да направи изненадување, Барса се пласираше во следната рунда на купот

фото: FC Barcelona (X) Фудбалерите на Барселона потешко од очекуваното го совладаа третолигашот Гвадалахара со 0:2 и се пласираа во следната рудна од Купот на Кралот. Избраниците на Ханси Флик во финишот

Тренчевска и Трајановски се нови потпретседатели на СДСМ

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, по завршувањето на вечерашната седницата на Централниот одбор на СДСМ го соопшти новото раководство на партијата. -На седницата на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз
Go toTop