Јахоски со времен пасош на Босфор – ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од судиите

June 2, 2025
1 min read

На Фејсбук профилот на пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски објавена е слика од Турција на која тој е заедно со неговиот син, сопственикот на Пуицко Петрол , Асмир Јахоски кој е осомничен за злоупотреби со набавките на мазут за ТЕЦ Неготино.

Јахоски неодамна беше пуштен од притвор и му беше одземен пасошот со наредба да се јавува во судот, со гаранција од над два милиони евра. Јавноста реагираше на неговото заминување во Турција, кое според објаснувањето на неговиот татко под фотографијата поводот бил дипломирање на член од семејството.

Од полицијата потврдуваат дека Јахоски излегол од земјава на 30 ти мај преку граничниот премин Богородица и се вратил денеска преку истиот премин.

Времениот пасош, односно со ограничен рок на важење, му го издало МВР, а за тоа дозвола дал Апелациониот суд во Скопје.

Од Кривичниот суд објаснуваат дека Јахоски заминал со времен пасош и оти денеска се јавил на пријавница кај судската полиција дека е во земјава.

Правдата изгледа ќе мора да почека додека тој слави матурски на Босфор.

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од судиите, тие мора да одговараат.

Реформи во судството мора да има, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Децата и младите креираа кампања против омразата на интернет

Следно

СДСМ со вистината за Кочани: И личниот избор на Тошковски, началничката Марија Цветковска меѓу заштитените од Мицкоски и Коцевски

Latest from Blog

САД објавија нови документио за НЛО (ВИДЕО)

Меѓу објавените материјали се десетици датотеки за воената програма на САД која нарачала студии за ворп-погони и црводуши, како и мистериозни повреди што истражувачите ги поврзале со можни средби со неидентификувани летала,

Иран почна масовна мобилизација

Иран влегува во нова фаза на воена и цивилна мобилизација додека војната со САД и израел влегува во седмиот месец – стотици илјади луѓе веќе се пријавиле за обука, а властите подготвуваат

Проданоски: Прилеп станува место каде што се среќаваат науката, бизнисот и практиката

Прилеп е домаќин на 14. меѓународна научна конференција „Економијата, бизнисот и општеството во дигитализирана средина“, во организација на Економскиот факултет – Прилеп. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека конференцијата претставува
Go toTop