СДСМ: Пари за плати нема ама за папаја во владата мора да има

March 8, 2025
1 min read

Нема пари за повисоки плати, нема пари за работниците, ама за тропски овошја и луксузни деликатеси – има, реагираат од СДСМ по однос на јавните набавки на Владата.

За СДСМ е неверојатно со каква леснотија се трошат народните пари на приватни авиони, бизнис класи и егозитични овошја додека нема пари за повисоки плати за граѓаните.

Потенцираат дека додека граѓаните бројат денови до следната плата, Владата брои видови егзотично овошје. Папаја, манго, аспарагус, авокадо, ананас – цел тропски рај на менито на владините функционери.

Според СДСМ, премиерот кој до вчера тврдеше дека грозје не пробал, сега одеднаш од државниот буџет се издвојуваат милиони за скапи плодови што народот не може ни да ги помириса.

Венко Филипче – претседател на СДСМ

Вчера, премиерот Христијан Мицкоски рече дека банани не јадел, дека постат и дека во влада не може да живеат од воздух.

Денеска од ВМРО-ДПМНЕ со реакција дека СДСМ во недостаток на теми и продуктивни дискусии и за да ја затскрие својата дезориентираност и изгубеност опозицијата отвора теми за набавки на Владата кои автоматски и вообичаено се правеле во деведесеттите.

ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче и СДС кои се целосно дезоириентирани и се фаќаат за минорни теми. Венко Филипче и СДС кои за седум години мандат местеа само тендери, се интересираа како да стават во свој џеб најдоа да се занимаваат со небитни набавки. Ако час поскоро не одлучат што би правеле и што сакаат реално, а не декларативно толку полошо за нив. ВМРО-ДПМНЕ контиуирано работи за добро на граѓаните и за добро на Македонија. Ова го покажуваат инвестициите во општините, стопанството.Време е СДС и Филипче да се освестат.“ – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата на Левица, претходно, реагираа дека Владата наместо веднаш да го прифати предлогот на ССМ за минимална плата од 500 евра, владејачката коалиција ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ избра да троши народни пари на егзотични овошја и храна која е недостижна за обичниот работник: папаја, аспарагус, манго, ананас, авокадо.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Перформанс со уметничко лизгање и фолклор на замрзнатото турско езеро Чилдир

Следно

Еден осомничен за продолжено семејно насилство врз жена и деца

Latest from Blog

По една деценија, Прилепскиот дувачки оркестар повторно ја креира музичката сцена

По десет години пауза, повторно започна со работа еден од најпрепознатливите музички симболи на градот – Прилепскиот дувачки оркестар. Возобновувањето на оркестарот се реализира со почетна логистичка и финансиска поддршка од Општина

Плусинфо: Дивите реновирања во последната година главна причина за трагедијата во Кочани

Трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ секојдневно се разоткрива пред очите на јавноста, како комплексен мозаик од технички хаос и човечко страдање, каде секое ново рочиште дополнително ја зацврстува тезата дека вистинските причини

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од
Go toTop