СДСМ ги обвини ВМРО-ДПМНЕ и знам дека се против носење на закон за бранителите

February 17, 2025
1 min read

Пратеникот од СДСМ, Јован Митрески попладнево на прес-конференција рече дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ денеска покажале дека се против решавање на статусот на бранителите.

– Ако досега се криеја зад Африм Гаши, денес го покажаа вистинското лице. Денес пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ гласаа „против“ на дневен ред да биде ставена точка со која ќе се задолжи претседателот на Собранието Африм Гаши да закаже седница за да се реши статусот на бранителите. Само пред неколку месеци како тогашна опозиција блокираа важни закони и го условуваа нивното донесување со Законот за бранители. Еве ги сликите кои што ги покажуваа тогаш на јавноста кога поднесуваа амандмани со кои се блокираа закони се додека не се донесе Законот за бранители. Денес тие исти пратеници кои тогаш носењето на други закони пред носењето на Законот за бранители го нарекуваа политичка шизофренија, денес тие истите го блокираат Законот за решавање на статусот на бранителите. – рече Митрески.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Истражување: Постарите мозочни клетки „забораваат“ кои се

Следно

Намалена видливост поради магла на повеќе превои и планински места

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop